Од Симпсонови до Пинк Флојд: Хокинг остави неизбришлив белег на популарната култура

0

Не многу од научниците на модерното време оставиле толкав белег во популарната култура како Стивен Хокинг. Имал бројни настапи на ситкоми, во неговиот живот се снимале филмови, цитиран е во научно-фантастични серии, а добил и музички посвети.

Животот на Стивен Хокинг е екранизиран во два наврати, првпат во 2004-та година во драмата на Би-Би-Си во режија на Питер Мофат, со Бенедикт Камбербеч во главната улога, а по втор пат во филмот „The Theory of Everything“, каде познатиот научник во неговата младост го претставува оскаровецот Еди Редмејн.Стивен Хокинг

Камбербеч вели дека го сретнал Хокинг двапати во животот, но не останале во контакт, како што вели – со причина.

„Се разбира дека ми беше мило дека некое време имавме кореспонденција преку е-пошта, но што би ни била темата на разговор? – Јас сум актер, а тој нуклеарен физичар“ – скромно објаснува мегапопуларниот актер.

Животната приказна на Хокинг, всушност е толку драматична, особено во време на неговите студии на факултет, што би биле потребни два актери од денешните за да се направи ретроспектива на најдраматичните моменти од неговиот живот, колку да се направи споредба.

Интересен е фактот дека кога и да се спомне изразот „Big Bang“ прво нешто што ни паѓа на памет не е космолошкиот модел на кој работел Хокинг, туку комичната серија „The Big Bang Theory.“

Хокинг беше гостин во таа комедија, коментирајќи го научниот труд на Шелдон (Џим Парсонс) за Хигсовиот бозон.

Хокинг исто така гостуваше и во популарната хумористична серија „Симпсонови“ во 1999 година, во една епизода насловена „They Saved Lisa’s Brain“. Во таа епизода, Лиза и група деца од групата Менса ја превземаа контролата врз градот Спрингфилд, па требаше да им даде критика поради нивната утописка визија.

Хокинг во интервју за британски “Гардијан” вели дека неговиот настап во „Симпсонови“ бил забавен, и не го сфаќал премногу сериозно. После тоа во „Симпсонови“ гостувал уште трипати и оваа серија ја нарече „најдобрата работа на американската телевизија“.

Хокинг се појави и неколку пати во уште една успешна цртана серија на Мет Гронинг, Футурама.

Сите фанови на „Star Trek“, имаа можност да го видат Хокинг како игра покер заедно со Дат, Алберт Ајнштајн и Њутн.

Научниот труд на Хокинг и неговиот чудесен животен пат станаа составен дел од документарецот „A Brief History Of Time“.

Неговите зборови за една реклама од 1994 година, инспирирале и еден рок-бенд за да му посветат песна на Хокинг.

Најголемите достигнувања на човештвото произлегле од разговори, а најголемите неуспеси од недостатокот на разговор. Тоа не мора да биде така, рекол тогаш Хокинг, а тие зборови ги инспирирале легендарните Пинк Флојд да ја направат песната „Keep Talking“ од албумот Division Bell.

Хокинг го инспирирал германскиот композитор Ролф Реим, односно неговата фотографија каде што седи во позадина, гледајќи во ѕвезденото ноќно небо.

На крајот, неговата болест, неговата единствена физичка појава, како и неговиот генијален ум, заедно придонесоа за неговата слава и вечна бесмртност. Неговиот живот однадвор за многу се чини тежок, но неговите бројни гостувања и тоа баш во хумористични серии зборуваат за спротивното. Велат дека тој сепак бил среќен бидејќи се смеел одвнатре.

Неговиот лик и дело, како резултат на сето тоа, како и науката, сè повеќе само растеа и засекогаш ќе траат.

Почивај во мир великану.

Текст: Kate Howardovska

Извор: Е-Наука

ЕНаука

Сподели.