Пронајден е Филе во текот на крајните фази од мисијата Розета

0
Пронајден е Филе

Снимките ги направи Розета пред неколку дена и на нив јасно се гледа Филе на површината на кометата. Извор: ESA/ ROSETTA/ MPS for OSIRIS team/ NAVCAM

Долгата потрага по Филе (Philae) на кометата 67Р заврши. Откритието беше објавено на само неколку недели од крајот на мисијата Розета и за оваа цел беа употребени снимките со висока резолуција од камерите на леталото. Инаку, по Филе се трага од ноември 2014 година, кога по неговото грубо слетување научниците го изгубија од видик. Снимките беа направени на втори септември, на 2.7 километри оддалеченост. Филе се наоѓа под сенката на еден гребен, како што се очекуваше уште одамна, и токму затоа комуникацијата со него беше отежната, па ESA го прогласи за мртов во јули оваа година.

Пронајден е Филе

На оваа фотографија се обележани деловите од Филе, со што дефинитивно се потврдува неговата локација. Заслуги: ESA/Rosetta/MPS for OSIRIS Team

Ова е првпат како Филе беше фотографиран на површината на кометата по неговото неславно слетување, кога отскокна два пати пред да се стационира на едно место. Розета успеа да направи снимка од обидите за слетување, но оттогаш па сè до сега Филе беше комплетно скриен од камерите. Сепак, успеа да ја испрати назад кон научниците снимката од површината на кометата. Така, се потврди дека Филе е сместен во регион кој се нарекува Абидос и се наоѓа на малиот дел од кометата, но ова се првите директни снимки и докази.

Ова е еден одличен крај на и онака успешната мисија Розета, која траеше изминативе две години.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: IFL Science

Сподели.