Можна супернова во М66

0

За време на рутинското пребарување на небото, во програмата Автоматско пребарување на небото за супернови ASAS – SN [1], со помош на телескопот Брутус (Brutus) кој се наоѓа на Хаваите [2], откриен е нов транзиент, најверојатно супернова во познатиот М објект, во галаксијата М66.

Можна супернова во М66

Галаксијата М66 пред и после откривањето на супернова

Откритието со код ASASSN-16fg е пронајдено на фотографиите снимени на 28 мај 2016 година и проценетиот сјај на објектот е 16,7 магнитуди во V доменот. Претходните снимки од 24 мај оваа година не покажуваат објект при гранична магнитуда 17,1 (V) V>17,1.

Позицијата на ASASSN-16fg е 69” од центарот на галаксијата М66 (z=0.002425, d=10Mpc, податоци од NED каталог), а апсолутниот сјај на објектот е -13,4 магнитуди (V).

Спектарот во опсег од 350 до 910 нанометри добиен со 2,4 метарски телескоп +YFOSC [3] покажува син континуум и P-Cygni профил на Балмеровите линии кои се поклопуваат со профилот SN 1999em супернови тип II три дена пред максимумот на неговиот сјај.

Можна супернова во М66

Тројката во Лав (Leo Triplet): М65 (горна галаксија), NGC3628 (долу, лево) М66 (долу, десно). Заслуги: OmegaCenAstro-WISEKapteyn Институт

[1] All Sky Automated Survey for SuperNovae ASAS-SN

[2] ASAS-SN Unit-1 на Хавајските острови, попознати како Brutus 14 – систем од четири оптички 14-сантиметарски телескопи споени во еден телескоп (квадрипл) во склоп на Глобалната телескопска мрежа на астрономската опсерваторија Las Cumbres.

[3] Li Jiang Gaomeigu станица на кинеската астрономската опсерваторија Junan (YNAO)

Превод: Александра Бошкова

Извор:Astronomija

Сподели.