Универзален закон за гравитација

0

После законите на Кеплер, наредно прашање кое барало одговор било: што е тоа што дејствува на планетите за да тие се движат на тој начин околу Сонцето. Во тоа време бил познат принципот на инерција на Галилеј, согласно кој природна состојба на секое тело е да се движи по права линија со постојана брзина. Значи, ако на планетата не дејствува ништо, таа би се движела по инерција: праволинински со некоја постојана брзина.

Меѓутоа, планетата не се движи по инерција, туку по елиптични патеки согласно кеплеровиот закон. Одговорот на прашањето: што е причината да планетите се движат по одредени патеки го дал генијалниот англиски физичар Исак Њутн (1643-1727, лево).

Исак Њутн прв го вовел поимот сила и заклучил дека за да се промени брзината на телото на било кој начин, потребна е сила. Ако телото го менува правецот на движење, значи дека на него дејствувала сила под некој агол.

Силата F е производ од две величини: забрзувањето на телото a и масата m на телото кое претставува мерка за инертноста. За да планетата сврте од патеката на праволининско движење, на неа треба да дејствува сила и тоа под некој агол. Бидејќи сите промени на брзината на планетата се дирекно насочени кон Сонцето, јасно било дека силата потекнува од Сонцето.

Во тоа време, со телескопи, биле набљудувани движењата на сателитите на Јупитер кои потсетувале на еден мал Сончев систем што покажувало дека и Јупитер ги привлекува сателитите. Месечината кружи околу Земјата и Земјата ја привлекува Месечината на ист начин како што Сонцето ги привлекува планетите. Њутновата идеа била дека гравитацијата која ја држи Месечината во патеката околу Земјата е истата таа гравитација со која Земјата ги привлекува предметите на нејзината површина.

Универзалниот закон за гравитација даден од Исак Њутн гласи: Силата со која се привлекуваат било кои две тела во Универзумот е обратнопропорционална со квадратот на растојанието и пропорционална со масата, како на првото, така и на второто тело:

Величината G е наречена гравитациона константа и таа не зависи од масите кои си заемодејствуваат како ниту од својствата на средината во која што тие се наоѓаат.

Законите на Кеплер, како и Њутновиот закон за гравитација го опишуваат не само движењето на планетите, туку и движењето на сателитите, кометите и астероидите.

Сподели.