Колку е чиста Меѓународната вселенска станица?

0

Најдобрите молекуларни анализи на примероци од прав од Меѓународната вселенска станица се искористени за откривање на нови информации за некои од потенцијалните бактериски агенти присутни во вселенската околина на астронаутите. Истражувањето публикувано во научното списание Микробиом го потврдува присуството на бактериски патогени кои се не толку опасни на Земјата, но може да предизвикаат инфекции кои резултираат со инфламација на кожата. Откритијата ќе претставуваат основа за набљудување на чистотата на станицата. Сепак, бидејќи студијата е базирана на генетска анализа, не може да се заклучи дали овие бактерии се опасни за здравјето на астронаутите.

Станицата е уникатно изградена околина која искусува микрогравитација, вселенска радијација, покачени нивоа на јаглерод диоксид и константно присуство на луѓе. Разбирањето на природата на заедниците на микробите на станицата е клучно за контролирање на здравјето на астронаутите и одржувањето на опремата на станицата.

Анализите се направено со најновите технологии за секвенцирање на ДНК за брзо и прецизно да се идентификуваат микроорганизмите и да се исполнат празнините оставени од традиционалните методи, откривајќи потенцијални патогени кои може да бидат закана за астронаутите.

Примероците од прав беа споредени со примероци од „чисти соби“ на Земјата кои се контролирани и изолирани. Разликата меѓу чистите соби и станицата е тоа што во чистите соби има константно кружење на свеж воздук, додека на станицата кружи истиот воздух каде цело време се присутни 6 луѓе, додека во чистите соби може да има до 50 различни луѓе но не цело време и во исто време. Иако овие соби не се изолирани има повеќе нивоа на соби кои спречуваат слободна размена на воздушни честици.

Резултатите открија дека за разлика од собите, на станицата голем дел од бактериите се актинобактерии – асоцирани со човечката кожа. Исто така две групи на патогени беа откриени, но сеуште не е откриена опасноста од зараза на астронаутите.

Технологиите за секвенционирање на ДНК може да се користат за истражување на влијанието на микрогравитацијата на стабилноста на микроскопската заедница на станицата што е важно за мисии кои би траеле долго како на пример оние на Марс.

Превод: Максим Осман-Николов

Извор: phys.org

Сподели.