Колку е чиста Меѓународната Вселенска Станица?

0
Колку е чиста Меѓународната Вселенска Станица?

МВС по заминувањето на STS-132. Извор: NASA/Crew of STS-132/Wikimedia Commons

Разбирањето на составот на воздухот и присуството на бактерии на Меѓународната Вселенска Станица (МВС) е неопходно за да се зачува здравјето на астронаутите и да се одржи во фукција работата на инструментите. Направено е ново истражување за проверка на чистотата на вселенската станица и откриено е присуството на патогени, кои се претежно безопасни на Земјата, но можат да предизвикаат инфекции во Вселената.

Кога станува збор за животот во Вселената, сè уште имаме многу за учење. Истражувањето на условите за живот на МВС не е само важно за астронаутите кои работат таму, туку и за долгорочното планирање на идни мисии на Месечината, Марс и слично. МВС е одличен терен за истражување: станува збор за микрогравитациска средина со зголемени количества на јаглерод диоксид, постојано човечко присуство и е под постојано влијание на космички зраци. Научниците ги истражувале микробите, составот и бројноста. За оваа цел, со филтри се собрани воздушни примероци и прав и потоа се споредени со примероците од чистите соби на НАСА. Ова се соби под строго контролирани услови кои се користат за научни истражувања или производство. Овие простории се многу слични на МВС, но сепак постојат некои значајни разлики: во нив циркулира свеж воздух, може да бидат користени од голем број на луѓе итн.

Со истражувањето се откриле повеќе од 75 видови на бактерии, вклучувајќи и мувла која ослободува киселина со коризивни влијанија врз метал, стакло и гума. Најголемиот дел од бактериите припаѓаат на групата Актинобактерии, вообичаено се поврзани со човечката кожа. Се нагласува и присуството на два потенцијално опасни патогени на МВС, кои може да предизвикаат проблеми на здравјето.

Иако ова истражување го прошири нашето познавање на потенцијалните опасности од присуство на бактерии на МВС, сепак не се утврди нивната можност за инвазија, предизвикување на инфекции и болести. Во оваа фаза од истражувањето е тешко да се донесе заклучок за ризиците по здравјето на луѓето, но се надеваме дека со дополнителна работа овие теми ќе бидат се појасни.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: IFL Science

Сподели.