Имало неколку предлози последниве месеци за посета на астероид – НАСА планира праќање на астронаути, а Planetary Resources и Deep Space Industries сакаат минирање на овие вселенски карпи за да дознаат повеќе за нивниот состав.
Но интригантно е прашањето, кога веќе ќе бидат добиени потенцијалните ресурси, на кого тие треба да му припаднат? Има и други прашања, како она поставено од стручниот аналитичар Jeff Foust на конференцијата Нова Вселена 2014, одржана минатата недела, за цената на една таква операција. Уште едно многу важно прашање е да се дефинира што е астероид, за да се знае целта на мисијата.
Предвидено е носење, па дури и продавање на примероци од астероидот. Како за пример и астронаутите од „Аполо“, а и „Луна“ роботската мисија на Советскиот сојуз, донесоа примероци од Месечината. Некои се во музеи, а некои во NASA Lunar Sample Laboratory Facility во Вселенскиот центар Џонсон во Хјустон.
Затоа, правата за работите надвор од Земјата е тешко да се одредат. На пример United Nations Moon Treaty овозможува издвојување на примероците за научни цели. Тие исто така велат дека ресурсите на Месечината се заедничко наследство на целото човештво.
Превод: Милан Велков
Извор: Universe Today