Што е навистина ХААРП?

0

Еден од најпопуларните истражувачки проекти во моментите од критичните последици на климатските случувања е проектот под името ХААРП (High Frequency Active Auroral Research Program). Какво е навистина неговото влијание?

Мерењето на промените на температурите, влажноста, атмосферскиот притисок, ветерот, падовите, атмосферските честици, се еден од начините да се предвиди климата.

Проектот под името ХААРП, е висок фреквентен активен истражувачки програм на поларната светлина е заеднички проект од различни партнери: индустријата, американското министерство за одбрана и бројни универзитети ширум САД.

Од 1990 г. па се до 2007 г. студентите и најголем број на стручњаци од областа на физиката – плазмата, се обидуваа да ги објаснат и истражат како работат многу сложените делови на атмосферата, која се нарекува јоносферата (се наоѓа на околу 80 км. над земјината површина). Причината зошто токму овој дел од атмосферата е за да сфатат што се случува во јоносферата кога постои некој силен настан во Сонцето, од типот на соларен блесок или геомагнетна олуја, за која сметаа дека предизвикуваат пореметувања во работата на сателитите и другите комуникациски средства.

Бидејќи Земјата е се повеќе опкружена со електрични и системи на мобилни телефонии, се смета дека има поголема можност силната соларна олуја да предизвикува бројни пречки во иднина, и затоа се појавила идеја да се утврди како јоносферата влијае на промените кои се случуваат во Сонцето. Според професорот по физика од Универзитетот од Мериленд, научниците особено се заинтересирани од областа на јоносферата поради нејзината способност да влијаат врз радио сигналите или за Ван Аленовиот појас (кој се наоѓа над јоносферата и е дел од магнетосферата), бидејќи радијацијата во тој појас може да ја загрози работата на сателитите.

За да можат сето ова да го следат, научниците направија лабораторија во Гакони, Аљаска, и покрај разни дијагностички инструменти, инсталираа 180 високо фреквенти антени, кои заедно можат да емитираат 3.600 киловати радио – бранови на фреквенциите од 2.8 до 10 мегахерци (висок фреквентен ранг), што им овозможува на особено чувствителните инструменти да ги измерат физичките процеси кои се одвиваат во тој појас.

Овој истражувачки кампус на Аљаска беше отворен и за разните посетители, а преку многуте фотографии имаше и објаснувања како да се направи и ХААРП антена.

Поради нејзините вградени нови технологии, САД овие антени ги употребуваат и во комуникациите и во особено длабоките делови од морињата или земјата. Но, не е точно тврдењето дека овие антени можат да влијаат на промените на климата, дека предизвикуваат земјотреси или промени во расположението кај луѓето.

Неразбирањето од технологија и непознавање на науката за климата, доведоа до сосема погрешни толкувања на употребата на оваа технологија.

ХААРП емитува многу ниска фреквенција на радијација и на овој начин не може да влијае на менталната и здравствената состојба на луѓето. Испитувањата покажаа дека јоносферните бури предизвикани од работата на Сонцето, не се доволно силни за да влијаат на климата во другите појаси од атмосферата, и со тоа не постојат теоретски можности дека овие антени влијаат на климата.

Доколку некој ги праша научниците за влијанието на овие антени врз климата, тие или ќе се насмеат или многу ќе се изнервираат, бидејќи според нив, овие верувања се резултат на незнаењето.

Студентите и истражувачите од Аљаска, дури ни припадниците на воената индустрија, се уште немаат таква моќ да ги насочуваат радио – брановите на повеќе делови од нашата атмосфера и да креираат штит од непријателски сателит и секако, да управуваат со умовите на милиони луѓе.

Климатскиот систем на планетата Земја е многу покомплексен, отколку што луѓето мислат.

ХААРП технологијата е тестирана по сите стандарди од електромагнетна радијација на сите локации на кои се наоѓала. ХААРП електромагнетната емисија на најблискиот дел од јавното место е пониска, отколку што е тоа случај во многуте урбани подрачја, каде други уреди емитираат електромагнетна емисија.

Извор: Б92

Превод: Петар Ивановски

Сподели.