Вселената не познава граници

0

Тоа најдобро го докажаа членовите на експедицијата 40 на Меѓународната вселенска станица
(МВС) кои на 28 април беа ланцирани во Вселената. При последната прес конференција, пред
полетувањето, Рускиот космонаутот Максим Сураев, и астронаутите од Германија Александар
Герст и Американетот Рид Вајсман прашани за тоа какви се нивните односи со оглед на
тензиите помеѓу нивните земји во моментов, тие демонстративно станаа и се гушнаа меѓусебно.
Политичките тензии можеби се големи и вратени на степен како за време на Студената војна,
но реалноста е поинаква, пријателите секогаш ќе бидат пријатели, посебно кога имаат
заедничка цел за подоброто на целото човештво.

Exp40 on ISS group hug

Експедицијата 40 на МВС покажува дека вселената нема граници и дека тие се пред се пријатели

“Ова е нашиот одговор“ – рече на Руски Вајсман – “Да ова е нашиот одговор за сите да го
видат“ – додаде Сураев, и со огромна насмевка изненадивајќи ги сите новинари станаа и се
прегрнаа пријателски.

Ова група на пријатели помаа години тренирајќи заедно. Tие не одат на МВС како збир од
националсти, тука како група на пријатели и колеги, кои заеднички ќе работат на обслужување
на станицата и разни научни експерименти кои може да имаат бенефит за човештвото во
иднина.

Тројцата се доста активни на интернет, и ветија дека ќе постираат секојдневно твитови на
социјалната мрежа твитер директно од Вселената. Сураев е еден од ретките руски космонаути
кои има профил на твитер @Msuraev, па него заедно со @astro-alex и @astro_reid може да ги
следите секојдневно со нивните твитови од Вселената.

Iss-Baikonur-exp40

За крај на конференцијата тие направија едно од популарните „селфи“ фотографии каде покрај
нив беа фотографирани и сите присутни на прес конференцијата вклучувајќи и 16-мина
ентузијасти популарно наречени #SpaceTweeps кои токму поради ова ланцирање отидоа во
Бајконур. Нивните твитови можете да ги погледнете на хаштагот #AlexTweetup, навистина има
што да погледнете. Ретко се гледаат луѓе, покрај стандардните новинарски екипи да отидат во
Kазакстан и да гледаат едно лансирање во живо. При самото лансирање се наоѓаа на само 1.2 км од ракетата Сојуз.

Сподели.