Големата црвена дамка на Јупитер

0

Големата црвена дамка на Јупитер е стара 190 години, според науката

Големата црвена дамка на Јупитер

Во 1600-тите астрономите како Џовани Доменико Касини, Роберт Хук и Галилео Галилеј први ги насочиле новите инструменти, наречени телескопи, кон небесата и ја забележале црвеникавата дамка на Јупитер. Всушност, Касини – со набљудувања започнати од 1665 година – ја нарекол Перманентна дамка. Овој огромен портокалов антициклон е систем на бура на најголемата гасна планета на Сончевиот систем и се одржува неколку стотина години… или не? На 17 јуни 2024 мистражувачите рекоа дека Големата црвена дамка што денес ја гледаме на Јупитер не е истата со бурата што е набљудувана во 1600-тите. Научниците тврдат дека бурата се формирала пред 190 години. Но, сепак ова е вортекс во Соларниот систем што трае најдолго.

грс4

Денешната Голема црвена дамка на Јупитер можеби е 190 години стара. Истражувачите мислат дека ова не е истатта дамка која астрономите ја забележале која за прв пат се вперени телескопите кон Јупитер во 1600-тите. Слика од НАСА

Колку е стара?

Ние претходно знаеме дека се менува низ годините големината и бојата на Големата црвена дамка. Во 1879 г., големината е проценета на 39 илјади километри, но сега е околу 14 илјади km и е позаоблена во облик. Денес е со големина на Земјата.

Така, се прегледале историските записи за оваа флуктуирачка бура со нумеричките модели во обид да се објасни нејзината природа и долговечност. Водечкиот автор Агустин Санчез-Лавега од Универзитетот на Баскија во Шпанија изјавил:

„Од мерењата на големините и движењата, заклучивме дека е скоро невозможно сегашната Голема црвена дамка да е иста со Перманентната дамка на Џовани Доменико касини. Перменентната дамка најверојатно исчезнала некаде во 18 и 19 век, па затоа можеме да тврдиме дека живониот век на Црвената дамка е над 190 години.“

грс 2

Скица на Томас Гвин Елгер од 19 век

Раните набљудувања

Таканаречената перманентна дамка се одржувала во 1600-тите до 1713 година кога астрономите изгубиле немале записи. Во 1831 година, астрономите повторно ја забалежуваат како овална бура на иста латитуда како претходната Перманентна дамка. Значи, историчарите на астрономијата долго време се прашувале дали станува збор за истата Дамка.

Санчез-Лавега пишува дека му било интересно да ги пребарува ракописите и скиците на Касини, големиот астроном од 17 век. И други пред нас ја следеле Црвената дамка и сега ги собираме овие резултати.

grs1

Јупитер – слика на Донато Крети од 1711, се забележува Големата црвена дамка

Од каде потекнува?

Големата црвена дамка е плитка и тенка, според набљудувањата на вселенските сонди. Научните со помош на компјутерските модели ги анализираат тенките вортекси на јупитерската атмосфера. Научните имаат неколку опции како се создава бурата. Таа може да е последица на голема супербура, спојување на помали вортекси или можеби нестабилност на ветровите создавајќи атмосферска ќелија.

Моделите покажуваат дека антициклоните од супербурите или спојувањата имаат поинакви особини од тие што ги гледаме денес на Црвената дамка. Но моделот на атмосферска ќелија создаден од нестабилност на силните јупитерски ветришта добро се совпаѓаат со реалноста. Со овој модел се создава прото Голема црвена дамка. Потоа раната фаза на Црвената дамка се намалува, создавајќи збиена и брзовртлива бура.

Некои скици од минатото покажуваат дека Големата црвена дамка е поиздолжена. Исто така забележано е и дека други ќелии се трансформираат во вортекси на Јупитер.

Во иднината ќе се истражува стабилноста на Големата црвена дамка. А исто така и сака да се знае дали Големата црвена дамка ќе продолжи да се намалува до исчезнување или можеби ќе се одржи за многу години.

Податоци за Големата црвена дамка

Најбрзите ветришта на антициклон се околу 450 km/h. Црвената боја потекнува од хемикалиите во атмосферата. Силните ветришта на вортексот ги мешаат замрзнатите честички на амонијак во повисоките слоеви над облаците. Со тоа тие се изложени на Сончевите ултравиолетови зраци, коишто го поцрвенуваат овој регион.

grs

Заклучок: Научниците тврдат дека Големата црвена дамка трае околу 190 години. Тие мислат дека не е истата бура видена во 1600-тите.

(Истражувања во „Џиофизикал Рисрч Летерс“ може да ги најдете тука) https://agupubs.onlinelibrary.wiley.com/doi/10.1029/2024GL108993

Нил ДеГрас Тајсон објаснува за Големата црвена дамка

Автор Кели Кајзер Вит

Превод: Алек Атевиќ

Извор: earthsky.org

Сподели.