Фермиевиот парадокс ни е добро познат на сите. Тој од една страна покажува дека Универзумот треба да е преполн со интелегентен живот, а од друга страна немаме доказ за тоа од каде следи парадоксот. Наједноставно објаснување е дека животот е редок, а меѓуѕвезденото патување е многу тешко.
Но ново истражување има различно објаснување: Нашиот Сончев систем не го нуди она што и е потребно на една долговечна и брзоширечка цивилизација. Точен тип на ѕвезда.
Проценката на можни цивилизации (основа на Фермиев парадокс) се темелина равенката на Дрејк. Таа во како променлвиви ги зема и: брзината на содзавањето на ѕвезди, планетите во нивните системи, и планетите во зоната погодна за живот.
Но новото истражување го зема в предвид и видот на ѕвездата. Според истражувачите ѕвездите со мала маса од вид К, се најпогодни за напредните цивилизации. Истражувањето започнува цитирајќи го истражувањето на Мајкл Харт од 1975. Накратко во него, авторот преку разработување на равенката на Дрејк, добива за една напредна цивилизација би и требало многу помалку од 2 милинои години да ја колонизира целата наша галаксија. Очигледно немаме докази дека ова се случило. Поради тоа авторот заклучува дека не постои ваква цивилизација.
Основната претпоставка за многу луѓе кои размислуваат за парадоксот на Ферми е дека ѕвездите се подеднакво привлечни за цивилизацијата во Вселената, а цивилизацијата ќе се шири насекаде подеднакво. Но дали е тоа вистина?
Истражувачите не мислат така. Според нив цивилзациите ќе ги претпочитаат ѕвездите со мала маса од вид К- или М-џуџе, избегнувајќи ѕвезди со поголема маса, со цел да се максимизира нивната долговечност во галаксијата.
Мерењето на ѕвездите според нивната долговечност не е интуитивно за луѓето. Ако еден вид ѕвезди трае 10 милијарди години, а друг 10 билиони, каква разлика има за некој освен за астрофизичар?
Но, сега, замислете дека сте дел од комисијата што ги носи одлуките за цивилизација која е стара милион години – па дури и постара – и се проширила низ галаксијата. Тогаш, животниот век на ѕвездата ви е важна.
К џуџињата и М џуџињата (црвените џуџиња) се долговечни. Дури и за извонредно напредна цивилизација, колонизацијата на друг Сончев систем би барала многу ресурси. Зошто да ги трошите тие ресурси на ѕвезден систем кој можеби нема да трае долго?
Истражувачите направиле нова проценка за времето потребно на една галактичка цивилизација да ја колонизира галаксијата доколку таа цивилизација ги таргетирала само К и М џуџињата. Тие велат дека ќе бидат потребни две милијарди години за галактички цивилизации да стигне до сите ѕвезди со мала маса. Доколку цивилизацијата развие можност за брзо меѓуѕвездено патување колонизцијата може да трае само 2 милиони години.
Недостатокот на вонземски населби во Сончевиот систем според истражувачите покажува дека цивилизациите би се ширеле само на М или К-џуџиња. Авторите мислат дека би можело да постијат цивилизации кои го имаат започнато овој процес. Отсуството на докази не е доказ за непостоење, како што вели поговорката.
Што би поттикнало еден вид да се шири постојано? Пораст на популација? Потреби од енергија? Научна љубопитност? Доминација над другите?
Според нив ние не знаеме дали таквото проширување би било вообичаено или пожелно за технолошките цивилизации воопшто.
За нас, не постои начин да се знае. Современото човештво е само околу една четвртина од милион години во своето патување. Земјоделството е старо 10.000 години а вселенското патување само неколку децении.
Мотивите што нè водат и мисловната рамка што нè води не се точно тестирани со време. Можеме да направиме малку повеќе отколку да се запрашаме за социолошката структура на древните вселенски видови и дали нивната желба за проширување ќе продолжи. Можеби по некое време тоа ќе изгледа бесмислено.
Нашето внимание треба да бидат ѕвезди со мала маса.
Времето е Господар на нашиот Универзум. Од нашиот животен век до вековите на вонземските цивилизации до животот и смртта на ѕвездите и планетите, времето владее со сето тоа. Релативитетот може да се бори со времето, но не може да го спречи неговото течење.
Превод: Христијан Петрески
Извор: sciencealert.com