Излезе првата целосно склопена фотографија од Џејмс Веб телескопот

0

Научниците ја споделија првата споена слика направена од Џејмс Веб, откако тој комплетираше уште две фази од процесот на подредување.

Главното огледало од Џејмс Веб се состои од 18 сегменти, има површина од 25 квадратни метри, а тоа е пет пати повеќе од површината на главното огледало од Хабл. Опсерваторијата е поставена како замена за телескопите Хабл и Спицер и ќе врши опсервации во блискиот и во средно-инфрацрвениот опсег од електромагнетниот спектар, а притоа ќе биде во кружна орбита околу втората Лагранжова точка.

JWST

Последни фази од колимацијата на 18 огледала на JWST

За сликите да имаат висок квалитет, шестоаголниците мора да се поставени стриктно на истата рамна подлога. Ниту еден механички систем за нивно подредување не довел до саканиот степен на подредување сам по себе.

Така, телескопот првично направи слика од ѕвездата ХД 84406, лоцирана на повеќе од 250 илјади светлосни години оддалеченост – во соѕвездието Голема Мечка.

Телескопот ќе извршува разни задачи, ќе набљудува објекти во раната фаза на универзумот, егзопланети и дискови околу ѕвезди, региони каде што се формираат ѕвезди, нови, како и тела од сончеви системи. Bottom of Form

Извор: Curiosmos

Сподели.