Персеидите се често најимпресивниот метеорски дожд во северната полутопка. Персеидите нудат голем број на метеори секоја година, а исто така се случуваат во Август кога температурата под ноќното небо е доволна висока за подолги престои надвор.
Прашина од комета
Секој јули и август Земјата се среќава со остатоци оставени од кометата 109П/Свифт-Татл. Оваа комета има орбита од 133 години и последен пат влезе во внатрешноста на Сончевиот систем во 1992. Иако кометата сега лежи во надворешните делови на Сончевиот систем, далеку од Земјата, сепак се среќаваме со остатоци што се оставени зад себе во текот на многуте патувања што ги направи оваа комета низ Сончевиот систем.
Овој метеорски дожд е можеби најпопуларниот бидејќи е активен во текот на летните месеци на северната хемисфера. Има посилни метеорски дождови, но тие се појавуваат за време на постуденото време од годината во северната хемисфера кога условите се помалку привлечни. Јачината на секој Персеид дожд варира од година во година, главно поради месечните услови. Ако има светла Месечина е над хоризонтот во текот на ноќта со, тогаш нивниот број ќе се намали. Повеќето од метеорите се слаби и светлата Месечина ќе го отежни гледањето. За среќа, во 2021 година, Месечината е полумесечина во ноќта со максимален број на метеори, што значи дека месечината ќе зајде во доцните вечерни часови, оставајќи ги поактивните утрински часови ослободени од месечева светлина.
11 /12 август
За да ги видите Персеидите најдобро, треба да знаете кога да гледате. Областа на небото од каде доаѓаат метеорите, се наоѓа ниско на северното небо. Ова е најлошото време да се обидете и да го гледате дождот, бидејќи поголемиот дел од активноста ќе се случи под хоризонтот. Но, неколкуте што ќе ги видите ова време од ноќта се посебни. Причината е што тие само ги допираат горните слоеви на атмосферата и ќе траат многу подолго отколку Персеидите во утринските часови. Бидејќи траат подолго, тие исто така ќе патуваат многу подолго растојание низ небото. Повеќето од овие Персеиди ќе бидат видени ниско на исток или запад, патувајќи од север кон југ. Повремено некој ќе помине над глава и ќе биде незаборавно додека го гледате како прелетува низ небото неколку секунди. Иако овие метеори се малку, тие секако вреди да се потрудите и да ги уловите. Месечината можеби сеуште е над хоризонтот во тоа време, но ќе биде мала пречка при гледањето на овие рани Персеиди.
Додека Земјата ротира и времето се приближува до полноќ, точката од која доаѓаат Персеидите се искачува повисоко на североисточното небо. Метеорите сега се пократки и траат само неколку десетини од секундата. Сеуште гледате само околу половина од вистинската активност, додека остатокот се случува надвор под хоризонтот. Како што напредува утрото, активноста ќе се зголемува додека радиантот се качува повисоко кон небото. Теоретски, најдоброто време за гледање на Персеидите е непосредно пред зората кога Радиант лежи највисоко на темно небо. Ова е обично околу 04:00 часот по локално време. Искусните набудувачи често велат дека часот помеѓу 03:00 и 04:00 часот е обично најдобаро, а не 04:00 до 05:00 часот. Можеби ова се должи на замор бидејќи искусните набудувачи дотогаш више гледале неколку часа и може да имаат проблеми да останат будни.
Најсилните дел од Персеидите оваа 2021 година се очекува да се појават во среда навечер/четврток наутро 11/12 август, кога Земјата е најблиску до јадрото на орбитата на кометата 109П/Свифт-Татл. Ако не можете да набљудувате таа ноќ, бројот ќе биде добар во среда и петок наутро. Колку покасно гледате од 12 август, толку послаб ќе биде дождот. Со оглед на тоа што врвот предвиден од Меѓународната метеорска организација ќе се случи помеѓу 14 часот на 12 август и 3 часот на 13 август, треба да се забележи дека оние што гледаат во Азија и Австралија ќе видат подобра активност ноќта на 12/13 август. За успешно гледање на Персеидите, се предлага да гледате од безбедна рурална област што е можно помрачна. Колку повеќе sвезди можете да видите, толку повеќе метеори исто така ќе бидат видливи. Без разлика на времето во ноќта, метеорите на можат да се видат во сите делови на небото. Без разлика во која насока гледате, препорачливо е да го насочите центарот за гледање на половина пат кон небото. Не гледајте директно бидејќи повеќе активност е видлива на пониски височини. Некои набудувачи сакаат да гледаат кон со соѕвездието Персеј и радијантот. На овој начин тие можат да видат како метеорите патуваат во сите правци. Недостаток на гледање во оваа насока е тоа што метеорите ќе бидат кратки, особено во близина на радијантот. Другиот избор е да се соочиме подалеку од сјајните и да сме сведоци на подолги метеори, кои се поимпресивни. Дури и ако радијантот е зад грб, сепак можете да ги разликувате метеорите на Персеид од другите, бидејќи сите тие ќе патуваат по исти паралелни патеки и ќе имаат слични брзини.
Превод: Христијан Петрески
Извор: imo.net