САД ја обвинува Русија за испукување на анти-сателитско оружје во вселената

0

САД ја обвинува Русија заради тестирањето на анти-сателитското оружје во вселената велејки дека тоа представува закана кон системите на Вашингтон.

сателити

Орбитална синхронизација на владини сателити на САД.

Вселенската команда на САД вели има докази за извршен неуништувачки тест на вселенско анти-сателитско оружје. Според Маршал Билингсеа, преговарачот за нуклеарно разоружување на САД, ова е неприфатливо и представува голем проблем во преговорите за нов START договор. Договорот го ограничува бројот на нуклеарни боеви глави кои може да ги имаат САД и Русија. Трамп му порача на Путин дека сака да избегне скапа трка во оружје со Русија и Кина. Системот искористен во тестот е истиот за кој вселенската команда на САД предупреди порано годинава кога маневрираше близу владин шпионски сателит на САД.

Според Генералот Џеј Рејмонд – раководителот на вселенската команда на САД, ова е дел од политиката на Кремлин да користи оружје за да ги стави во ризик вселенските средства на САД. Додатно според вселенската команда ова не е прв пат Руски сателити да се однесуваат неконзистетно со нивната назначена задача.

Ова се случува паралелно со лансирањето на ровер кон Марс од страна на Кина паралелно на слична мисија на САД проширувајки нивниот ривалитет во вселената.

Превод: Максим Осман-Николов

Извор: www.sciencealert.com

Сподели.