Конечно! Телескопот кој го очекувавте пристигна! Можеби се работи за вашиот прв телескоп. Или пак четврти. А за некои можеби дури и дваесет и трет. Со нетрпение ја чекате следната ведра ноќ и го поставувате телескопот. Но нешто не е во ред. Што понатаму?
Тестирањето на еден телескоп под ѕвездите е клучен дел од севкупната проверка. Речиси секој телескоп има нешто по што се разликува од другите. Како што велат оптичките дизајнери: „“
Токму преку оваа статија, експертот за опрема Том Трусок ќе Ве запознае со најважните совети и методи кога се справувате со оптичките проблеми. Во продолжение ќе можете да ги прочитате едноставните и лесни чекори за да ја оцените вашата оптичка опрема. Сѐ што е потребно е малку време со вашиот телескоп под чисто и ведро ноќно небо.
Тестирањето на телескопи директно под ѕвезденото небо е клучен дел од било која проверка на телескопот. Речиси секој телескоп си има свои карактеристики по кои се разликува од другите. Па, како што велат познатите оптички дизајнери, „Секогаш бирате несовршености кои сакате да ги подобрите, а за останатите одлучувате да се навикнете да живеете со нив.“ Односно, не постои идеален телескоп. Сепак, тоа не значи дека треба да се откажете бидејќи во поголем дел од случаите, ваквите несовршености лесно се надминуваат (како на пример збиена светлина, струење во цевката на телескопот, тесен прстен за монтирање, висока температура) или немаат големо влијание.
Но, доколку барате попрецизен пристап, можете да најдете бројна литература и веб статии на оваа тема. Исто така, постојат и многу софтверски алатки кои ќе ви помогнат да откриете што всушност гледате во дефокусираните облици, а со истите ќе можете да го тестирате телескопот и дење преку вештачки ѕвезди. Дополнително можете да најдете и
Пред да тестирате
За да изведете валиден тест, прво треба атмосферата да е мирна. На пример, ретко кога атмосферските услови во Мичиген се доволно мирни за да тестирате било како телескоп со објектив поголем од 20 cm. Еден совет: Доколку ѕвездите премногу треперат, воопшто не се заморувајте да го тестирате телескопот таа вечер.
Следно, одвојте малку време за да се олади телескопот. Најмалку еден час, а во зависност од температурната разлика кон која го прилагодувате телескопот, можеби и повеќе. Доколку можете, чувајте го телескопот некаде на температура слична со надворешната температура. Доколку температурата постојано паѓа во текот на ноќта, оптиката во телескопот никогаш нема да се стабилизира. Доколку се случи вакво нешто, ќе се соочите со прилично голем број на проблеми.
Исто така, обратете внимание на окуларните леќи за тестирање. Не можете да згрешите со некој едноставен дизајн како Плосл (Plössl) или пак со некој добро калибриран модерен широк дизајн. Одберете окулар што доближува од 40 до 60 пати на секој инч. На пример, доколку уредот преку кој гледате е со големина од 4 инчи, тогаш одберете окулар кој доближува помеѓу 160 и 240 пати. Алтернативно, користете окулар кој има ист фокусен однос како и вашиот телескоп. Така, за телескоп со фокусен однос од f/5, одберете окулар од 5 милиметри.
Потоа, осигурете се дека вашиот телескоп е добро фокусиран. Доколку оптиката во телескопот не е добро усогласена, нема да ги постигнете посакуваните резултати и бесмислено е да правите било каков тест.
Дополнително, доколку користите дијагонално огледало, извршете го тестирањето двапати, еднаш со уредот и еднаш без. Најважно е да не заборавате дека гледате низ низа од оптички објекти помеѓу ѕвездата која ја набљудувате, па се до очите и вашиот мозок. Обично, тестирањето се одвива на ист начин како и набљудувањето. За крај, запаметете дека доколку имате астигматизам, ќе го приметите тоа при тестирањето. Затоа, носете ги вашите очила исто така.
Тестирање
Кога гледате во некоја ѕвезда со големо зголемување, ќе забележите еден мал диск и прстен (или прстени) на прекршување околу него. Овој диск го викаме Ариев диск и истиот ја претставува најфокусираната точка од светлина што е возможна за еден телескоп со кружен објектив. Во идеален систем без препреки (како секундарно огледало), светлината би била насочена во Ариевиот диск, со еден мал дел кој го формира прстенот.
Одберете некоја светла ѕвезда на височина од најмалку 55 степени. Доколку структурата на вашиот телескоп нема автоматизирано позиционирање, ќе сакате да изберете некоја ѕвезда близу небесниот пол. А колку светла ѕвезда ќе треба да изберете зависи само од големината на вашиот објектив. За ова ќе ви биде потребно малку експериментирање. За да продолжите понатаму мора да го видите Ариевиот диск и прстенот на прекршување. Во зависност од условите, можеби ќе треба да користите малку послабо или посилно зголемување. Осигурете се дека ѕвездата е постојано во средина на погледот за да ги избегнете несовршеностите поради рабовите кои можат само да ве збунат уште повеќе.
Доколку забележите прекршен прстен на прекршување, веројатно тоа значи дека зраците во вашиот телескоп не се насочени добро. Ако гледате во објект во вид на комета, тогаш се соочувате со еден од повеќе проблеми, меѓу кои и многу лошо насочени зраци или коматични абнормалности. Сепак, овие проблеми можат да се решат. Во секој случај, вреди да вложите време и да научите како правилно да ги насочите зраците во вашиот телескоп. Токму ова ќе придонесе најмногу за да го подобрите вашиот телескоп. Во упатството за користење кое доаѓа со телескопот веројатно можете да најдете како да ги насочите зраците во телескопот, но постојат и многу онлајн статии.
Коматичните абнормалности се јавуваат кај сите Њутонски рефлектори, но понекогаш постојат и други причини. Вообичаено се предизвикани од неправилно насочени зраци. Ѕвездите изгледаат како заматени комети и колку подалеку гледате од центарот на окуларот, толку повеќе проблемот се влошува .
Понатаму, проверете дали се јавува сферно отстапување кое е честа појава кај рефлекторите наменети за поширокиот пазар. Преку ова ќе проверите дали огледалото е премногу длабоко или премногу плитко. За да го тестирате сферното отстапување, ќе треба да изведете тест со фокусирање. Кога се фокусирате на некоја ѕвезда (или Месечината), дали ѕвездата наеднаш влегува во фокус или постои некој опсег во кој фокусот е константен. Овој опсег може да се јави поради повеќе причини, вклучувајќи и сферно отстапување. Овој опсег го нарекуваме „зона на збунетост.“ Не постои „идеален фокус“ со сферно отстапување. Овој тест ни кажува дека голем дел од светлината која доаѓа од ѕвездата завршува во прстените на прекршување.
Во наредниот тест насочете го телескопот во некоја ѕвезда. Постепено излегувајте од фокус. Дали ѕвездата изгледа спласната и издолжена? Сега повторно постепено излегувајте од фокус, но во обратна насока. Дали насоката на издолжување е променета? Доколку да, тогаш се работи за астигматизам. Но прашањето е дали на вашиот телескоп или на вашето око?
Ротирајте ја вашата глава околу окуларот. Доколку издолжувањето се менува како што ја ротирате главата, посетете го вашиот оптометрист. Доколку тестирате со дијагонално огледало, извадете го и видете дали астигматизмот сѐ уште постои. Одвојте малку време да се излади вашиот телескоп и изведете го тестот повторно.
Преминете на Месечината и утврдете колкаво зголемување можете да користите. Добрата оптика треба да даде добра слика со зголемување помеѓу 30 и 40 пати на секој инч од објективот. Одличната оптика може да ви овозможи зголемување и до 60 пати на секој инч.
За да добиете подобар осет, изведете го целиот процес на тестирање неколку пати низ повеќе ноќи. Никогаш не судете само после една сесија. Уште еднаш, евалуацијата на оптичките карактеристики – дури и неформална како оваа – е клучен тест за квалитет. Бидете спремни да прогледате низ прсти за некои мали престапи. Покрај се, запомнете дека треба добро да погледнете во фокусираната слика. Не губете време гледајќи во нефокусирани објекти. Најважно е телескопот да ве прави среќни и задоволни.
Други проблеми
Горенаведената процедура ќе ви даде брза и едноставна евалуација. За некои други несовршености ќе треба да погледнете во ѕвездата од двете страни на фокусот. Во продолжение ќе дознаете нешто повеќе за уште два проблеми во областа на оптичкиот дизајн. Да забележиме дека овие проблеми се објаснети изолирани од другите проблеми. во реалноста веројатно ќе се соочите со некоја комбинација од неколку проблеми.
Искривување на видното поле: Сигурно сте виделе фотографија во која централниот дел е во фокусот, а страните не се фокусирани. Тоа се јавува поради тоа што фокусната рамнина не е всушност рамнина, туку сфера. Доколку го користите телескопот за фотографирање, ќе сакате да користите израмнувач на видното поле.
Дисторзија: Постојат два вида на дисторзија – ректилинеарна и аглова. За да добиеме претстава што е ректилинеарна дисторзија замислете две паралелни линии. Ако линиите се закривени навнатре, тогаш се работи за дисторзија која стеснува, во спротивно се работи за дисторзија во форма на буре.
Другиот тип на дисторзија е аглова дисторзија. Се одликува со објекти кои изгледаат развлечени кога ги движите подалеку од центарот на видното поле. Класичен доказ за ова е Месечината кога изгледа како јајце кога се наоѓа близу краевите на видното поле.
Немојте да се обесхрабрувате
„Првиот телескоп кој го поседував, веројатно ја имаше најлошата оптика која некогаш сум ја видел,“ вели Трусок. „Се работеше за 8 инчен почетнички Добсонски Њутонски рефлектор што го купив од една позната компанија. Во тоа време беше вообичаено производителите да произведуваат огледала кои содржат неколку слоеви дрво и лепак, сѐ со цел димензиите да бидат попрецизни. Проблемот со ова беше тоа што огледалото никогаш не можеше да се излади. Уште повеќе, секундарното огледало беше монтирано на една прачка и беше невозможно да се помести, а и фокусирањето не беше во ред. Монтажните делови беа толку крути што постојано ги промашував објектите. И од озгора на сѐ, оптиката не беше квалитетна. Сепак, поминав многу години набљудувајќи со тој телескоп. Тој беше моето прво возило кое ме однесе до ѕвездите,“
Затоа запомнете, телескопите се само алатка која треба да ви помогне да го истражите универзумот. Уживајте во тоа патешествие, а едноставното тестирање ќе го направи истражувањето уште попријатно.
Превод: Теодор Ангеловски
Извор: astronomy.com