Откритие на најбрзо-ротирачката sвезда во нашата галаксија

0

Замислете дека стоите на екваторот на Земјата, што ротира најбрзо. Тука, ќе се движите со брзина од околу 460 метри во секунда или околу 1.600 км на час. Ова е прилично брзо, но бавно кога ќе споредиме со Јупитер, што се врти 20 пати побрзо со 43000 км на час, што го прави најбрзо ротирачки објект во нашиот Сончев систем. Поради оваа голема брзина, Јупитер поседува многу бурна активност на површината, особено на екваторот,на пр. големата црвена бура. Но, дури и тоа е занемарливо во споредба со некои други sвезди во нашата галаксија.

брѕ

Уметничка илустрација на екстремно брзо ротирачка ѕвезда

Најбрзо ротирачката регуларна sвезда (не неутронски sвезди, кои сите имаат големи вртежни брзини) во Млечниот пат  е еден наш сосед, светла ѕвезда оддалечена само околу триесет и девет светлосни години во соeѕвездието Еридан. Оваа sвезда има маса од околу седум пати масата на Сонцето и период на ротација од два дена. Брзината на екваторот е приближно 250 км  во секунда или околу 500 пати поголема од брзината на површината на Земјата. Ова беше рекордерот некое време, но минатата година беа откириени повеќе од овие објекти, а меѓу нив и еден што го сруши рекордот.

Просечната брзина на вртење на оваа sвезда е околу 540 км во секунда или околу 1.200 пати побрза од ротацијата на Земјата. Ова предизвикува формата да не биде сферична, туку овална, со голем диск околу екваторот. Што побрзо ѕвездата ротира толку е помала гравитацијата кај екваторот. Како резултат на центрифугалните сили ѕвездата започнува да се издолжува и дури почнува да исфрла дел од материјалот, формирајќи диск околу екваторот. Поради дискот од исфрлениот материјал, овие ѕвезди произведуваат многу различен спектар што лесно може да се забележи.

Досега откривме само 14 вакви sвезди во нашата галаксија, вклучувајќи го и овој нов додаток. Значи, овие sвезди се многу ретки и тоа има врска со начинот на формирање. Се верува дека се формирале во бинарни системи со масивни придружници во релативно блиски орбити. Поради гравитационите сили, материјалот почнува полека да се пренесува од една sвезда во друга, поради што другата ѕвезда почнува да ротира побрзо. Сето ова е всушност заради трансферот на аголен момент; колку повеќе маса се пренесува толку побрзо се врти sвездата. Со време помасивната ѕвезда седестабилизира поради додатната маса и иницира супернова, која потоа создава огромен притисок врз помалата ѕвездата давајќи и голема брзина. Ова објаснува зошто сите брзо ротирачки sвезди се движат со огромни брзини низ галаксијата, или се таканаречени „ѕвезди бегалки“.

Овие sвезди сеисто така интересни поради различните ефекти што се создаваат кај екваторот, вклучувајќи ѕвездени бури и силни sвездени ветрови. Ако системот има планети и тие ја преживеат првичната супернова, тие би биле изложени на огромни количини sвезден ветер и многу веројатно ќе бидат лишени од атмосферата, а можеби ќе поседуваат и необични геолошки карактеристики на површината. Сепак, многу поверојатно е дека планетите не би ја преживеале суперновата на прво место.

Во одреден момент брзата ротирачка sвезда исто така ќе експлодира во супернова и ќе се создаде екстремно брз вртечки остаток , најверојатно неутронска sвезда што се врти со најголема можна брзина, многу блиску до брзината на светлината. Всушност, вакви брзо-вртечки неутронски sвезди кои се движат многу брзо низ галаксијата се веќе откриени и е многу веројатно дека се создадени на овој начин.

Превод: Бојана Стефаноска

Извор: https://youtu.be/4MCt6LfMbYU

Сподели.