Како научниците ја открија новата мини месечина на Земјата?

0

Чудната мини месечина која беше откриена околу Земјата најверјотано нема да се заджи долго. Научниците кои го открија објектот на 15 февруари претпоставуваат дека заради нестабилната патека која ја следи мини месечината ќе ја напушти Земјината орбита некаде во април оваа година.

Астрономите знаат малку за оваа мини месечина, толку малку што не можат ниту да кажат дали станува збор за вештачки објект, како на пример мртов сателит. Но, тие велат, најверојатно станува збор за мал астероид. Иако објектот не представува никаква закана за Земјата, покажува колку е променливо нашето сосетство.

цд3

The international Gemini Observatory/NSF’s National Optical-Infrared Astronomy Research Laboratory/AURA/G. Fedorets (Image credit: The international Gemini Observatory/NSF’s National Optical-Infrared Astronomy Research Laboratory/AURA/G. Fedorets)

Информациите од Центарот за Минорни Планети на Меѓународната Астрономска Унија, кој води сметка за сите набљудувања на познатите астеториди, покажуваат дека орбитата на мини месечината не соодветствува со прецизната орбита на ниеден познат човечки објект, вели Кацпер Виерзчос, постар истражувач-специјалист при Catalina Sky Survey и еден од откривачите на мини месечината. Орбитата на објектот не прикажува никакви пертурбации како резултат на сончевата радијација кои се чести кај вештачките сателити во земјената орбита.

Но, Виерзчос вели дека сеуште не сака да претпостави дека месечината е астероид. „Можноста дека е вештачки објект сеуште постои, па се обидувам да сум внимателен со секоја изјава“ вели тој. „Не би сакал да испадне дека е вештачки објект од кога сите ќе направат врева за откритието“.

Catalina програмата која е финансирана од НАСА при Универзитетот на Аризона, претставува автоматизирано набљудување на небото за брзо движечки објекти. Ноќта на откритието, Виерзчос и истражувачкиот-специјалист при Catalina Теодор Прујн биле на телескопот. На добра ноќ, набљудувањето може да проучи околу 40 астероиди близу Земјата, кои се типично објекти за кои астрономите веќе знаат. Но на 15ти февруари нешто во обсервациите на изгледало чудно и не одговарало на ништо досега познато.Дуото го поднело откритието до Центарот за Минорни Планети и други астрономи набрзо го потврдиле откритието.

Новоидентификуваниот објект сега познат како 2020 CD3 бил многу блед кога бил откриен со магнитуда од само 20 при што бил на работ на техничките капацитети за набљудување на Catalina а надвор од можностите на аматерските телескопи. Од тогаш објектот има избледено до магнитуда од 23 што го прави видлив само за најголемите професионални телескопи.

Во ноќите по откривањето, Виерзчос и неговите соработници продолжиле да го следат објејктот за да пробаат да ја одредат неговата орбита. Нивните пресметки покажале дека најверојатно објектот кружи околу Сонцето, додека земјината гравијација го собрала во орбита околу нас некаде во 2017.

Како мини месечината останала недетектирана со години? Најпрво, небото е многу широко и телескопите имаат ограничено време посветено на потрагата по астероиди. Исто така причина се и бледоста и високо варијабилната орбита на објектот.

цд3 2

2002 CD3 има хаотична орбита, бидејки е влечен и од гравијацтијата на Месечината и на Земјата. Неговото растојание од Земјата варира меѓу 0,2 и 4,5 пати од она меѓу Земјата и Месечината. Кога бил последен пат набљудуван од страна на Виерзчос на 26 февруари се наоѓал на 2,6 лунарни растојанија.

Бидејки далечината на објектот во однос на Земјата варира, варира и неговиот орбитален период. Виерзчос вели дека орбиталниот период е тешко да се измери точно но е некаде околу месец.

Објектот е набљудуван само шест до седум пати до сега па нема доволно информации за да  се изработи светлосна крива која ќе ја покаже варијабилноста во светлоста на објектот. Ако можат да дојдат до такви податоци астрономите би можеле да одредат за каков астероид станува збор, колку брзо ротира и колку е голем.

Претпоставувајќи дека станува збор за чест вид на астероид наречен јаглероден астероид, мини месечината е најверојатно со големина на кола. Виерзчос се надева дека други телескопи ќе можат да го набљудуваат објектот пред да си замине. Меѓу телескопите кои тој би сакал да учествуваат се Arecibo обсерваторијата во Пуерто Рико (која има радар оптимизиран за да го одреди обликот и големината на блиските астероиди) или големите оптички телескопи како Кек обсерваторијата на Хаваи.

Виерзчос се надева дека Catalina ќе може да го види 2020 CD3 пак пред да исчезне. Но, астрономите се тркаат со гравитационата војна меѓу Земјата и нашата традиционална месечина. Наскоро мини месечината ќе исчезне од видик во нови авантури.

Превод: Максим Осман-Николов

Извор: www.space.com

Сподели.