Астровикенд 2019

0

Како што може да се забележи и од насловот каде стои астровикенд,  а не астрокамп, од оваа година овој годишен настан го именуваме како астровикенд, од едноставна причина што приоритет се дава на друг начин на сместување, а не на кампување.

av 02av 03За прв пат нашиот астровикенд го организиравме во североисточниот дел од Македонија во хотел/ресторан Ранч во месноста Рабидуш во општина Ранковце. Ова место веќе го користевме при нашите теренски активности во селото Герман, кое е оддалечено 15 километри од Ранч. Од астрономска точка гледано, Герман е малку подобро место за ноќно набљудување, но од друга страна, таму не постојат услови за сместување на поголема група луѓе, а нема ни пристап до електрична енергија, која нам ни е неопходна за повеќе активности.

av 04

Предавање на професор Владимир петрушевски

Ресторанот Ранч  исполни  многу од нашите барања, персоналот се потруди да биде навистина добар домаќин, во што потполно успеа и во оваа прилика им се заблагодарувам од името на сите нас што бевме нивни гости.

ав 05

Предавање на Горан Кунгуловски

ав 07

Внимателна публика

Нашиот астровикенд вообичаено го организираме во период на млада Месечина во месец август. Овој пат тоа се падна сосема на крајот на месецот, поточно од 30ти август до 1ви септември. Со организација отпочнавме во почетокот на месец август, со пријавување на капацитетите и дефинирање на програмата и активностите.

ав 06

Организатори Борче и Искра и…

Најголемиот дел од овие работи ги заврши Борче Милчески, како одговорно лице за астровикендот, кој својата работа ја изврши беспрекорно добро и постави нови стандарди во организацијата на настани во нашето друштво. Официјалните беџови за астровикендот беа  дизајнирани и изготвени од страна на Михајло Стојановски, кои беа полн погодок и  допринесоа за дополнителна вредност на целиот настан

ав 07

Предавање на Мартина за прва помош во Вселена

На овој астровикенд малку посериозно се посветивме на делот со предавањата и мислам дека успеавме со повеќето предавања навистина да ги заинтересираме посетителите на астровикендот. Од неколку луѓе добив одличен фидбек во врска со предавањата, а и јас самиот присуствував и слушав неколку од кои сум презадоволен.

ав 09

Предавање на Кире

Во врска со ова, посебно би им се заблагодарил на професор Владимир Петрушевски кој дојде специјално само за да одржи неговото предавање, со што ни направи голема чест, како и на нашиот долгогодишен пријател Горан Кунгуловски, кој со години не поддржува во нашата работа. Секако благодарност до сите што ни помогнаа со своите активности во организација на целиот астровикенд.

ав 10

Предавање на Алек

Вториот ден од астровикендот организиравме и екскурзија до геолошкиот локалитет Куклици, а потоа и до Кратово каде посетвиме една од историските знаменитости на Кратово, а тоа се кулите. Имавме ангажирано и туристички водич, која ни ги приближи легендите и историски факти кои се битни за Кратово и  неговиот регион. Секако потоа следеше и делот со гастрономски активности.

ав 11

Ранко и новиот телескоп

 

ав 11

Марко со стариот телескоп

Од астрономскиот дел на астровикендот сум лично презадоволен, особено со за мене најомилениот дел, а тоа е набљудување на ноќното небо. Со нашите два моќни телескопи, речиси и да нема објект кој што тие денови не го видовме.

ав 13

Посета на Куклици

ав 15

На еден од мостовите во Кратово

ав 17

Посета на една од знаменитости на кратово, Кратовски кули.

Некои од објектите што ги набљудувавме со новиот телескоп добија сосема нова димензија, а со тоа набавката на овој телескоп се покажа како сосема добра инвестиција. Со нетрпение го чекаме зимскиот период за да видиме и неколку зимски објекти, кои овој пат не бевме во можност да ги набљудуваме.

ав 18

Пакување на телескопи

ав 19

пакување на телескопи 2

Од астрофотографскиот дел сум исто така задоволен, но сметам дека можевме и многу подобро. Сепак, со две монтажи успеавме да направиме неколку добри фотографии кои можете да ги видите во овој извештај.

ав 20

Астрофотографија на кампот : М33 галаксија во соѕвездието Триаголник. Кој друг ако не Горан Петров

ав 21

NGC 6888, маглина во соѕвездие Лебед. Фотографија на Радан Митровиќ

ав 22

Галаксија NGC7331 и Стефанов квинтет на галаксии во соѕвездие Пегаз. Фотографија на Радан Митровиќ

ав 23

М31, М32 и М110 во еден кадар. Фотографија на Радан Митровиќ

Посебно би ја издвоил фотографијата на Горан Петров кој и двете вечери ја сликаше Трианглум галаксија (М33). Минатата година имавме многу поголема активност на нашите астрофотографи  и имавме и многу подобри резултати. Овој пат набљудувачкиот дел беше многу поактивен, кон што придонесе и нашиот гостин од Србија, Милан Лазиќ кој е одличен во пронаоѓање  на објекти на небото.

ав 24

Учесниците на астрвикенд 2019

Како заклучок, лично сум презадоволен од целата организација на астровикендот како и со работата на истиот. Се надевам дека  следната година ќе направиме се да бидеме уште подобри во организацијата, но и во работата на друштвото. До тогаш погледнете ги фотографиите кои ќе Ви доловат дел од атмосферата на астровикендот.

Радан МИтровиќ

Сподели.