Земјата е уникатна во нашиот Сончев Систем: таа е единствената карпеста ланета со голема количина на вода и релативно голема месечина, која ја стабилизира нејзината оска. Обете биле есенцијални за развојот на живот на Земјата. Палеонтолозите при Универзитетот во Минстер (Германија) беа во можност за прв пат да покажат дека водата дошла на земјата при формирањето на Месечината, пред околу 4.4 милијарди години. Месечината се формирала кога земјата била удрена од тело со големина слична на Марс, познато како Теиа. До сега научниците претпоставувале дека Теиа потекнувала од внатрешниот дел на Соларниот Систем, во близина на Земјата. Сепак, научниците од Минстер сега можат да покажат дека Теиа всушност доаѓа од надворешниот Сончев Систем и дека истата донела големи количини на вода на Земјата. Резултатите се објавени во новото издание на Nature Astronomy.
Од надворешниот кон внатрешниот Сончев Систем
Земјата се формирала во „сувиот“, внатрешен Сончев Систем, и поради тоа е изненадувачки фактот што на неа има вода. За да се разбере зошто е тоа така, треба да се навратиме пред 4.5 милијарди години, во времето кога Сончевиот Систем се формирал. Од претходните истражувања знаеме дека структурата на Сончевиот Систем е таква што „сувите“ материјали биле одделени од „влажните“ материјали: т.н. „јаглеродни“ метеорити кои се релативно богати со вода доаѓаат од надворешниот, додека пак сувите, „нејаглеродни“ метеорити доаѓаат од внатрешноста на Сончевиот Систем. Иако претходните истражувања покажуваат дека најверојатно јаглеродните материјали се одговорни за носењето вода на Земјата, досега беше непознато кога и како овие материјали, а со нив и водата, дошле на Земјата. „Користевме изотопи на молбиден за да добиеме одговор на ова прашање. Изотопите на молбиден ни овозможуваат јасно да ги разликуваме јаглеродните од нејаглеродните материјали, и на тој начин претставуваат „генетички отпечаток“ на материјалите од внатрешниот и надворешниот Сончев Систем,“ објаснува д-р Герит Буде, водечки автор на статијата од Институтот за Палеонтологија во Минстер.
Мерењата направени од истражувачите од Минстер покажуваат дека составот на изотопите на молбиден на Земјата лежи помеѓу оние од јаглеродните и нејаглеродните метеорити, на тој начин тоа покажувајќи дека делови од оној молбиден кој може да се најде на Земјата потекнува токму од надворешниот Сончев Систем. Во овој контекст, хемиските својства на молбиден играат клучна улога, бидејќи тој е сидерофилен елемент, односно најголемиот дел од молбиден се наоѓаат во јадрото на Земјата. “Од тие причини, молбиденот кој денес се наоѓа во обвивката на Земјата потекнува од доцните фази на нејзиното формирање, одека оној од пораните фази е исклучиво во јадрото,“ објаснува д-р Кристоф Букард, втор автор на студијата. Притоа, резултатите на научниците за прв пат покажуваат дека јаглеродните материјали од надворешниот Сончев Систем пристигнале на Земјата подоцна.
Научниците одат и чекор понатаму со тоа што покажуваат дека најголемиот дел од молбиденот во Земјината обвивка потекнува од протопланетата Теиа, чиј судир со Земјата пред 4.4 милијарди години довел до формирање на Месечината. Сепак, бидејќи голем дел од молбиденот во Земјината обвивка потекнува од надворешниот Сончев Систем, тоа значи дека и самата Теиа потекнува од надворешниот Сончев Систем. Според научниците овој судар овозможил доволен јаглероден материјал на сметка за целата количина вода на Земјата. „Нашиот пристап е единствен бидејќи за прв пат овозможува да се направи врска помеѓу потеклото на водата на Земјата со настанокот на Месечината. Едноставно кажано, без Месечината најверојатно не би имало ни вода на Земјата,“ вели Торстен Клајне, професор по палеонтологија на Универзитетот во Минстер.
Превод: Даница Ѓорѓевска
Извор: phys.org