Овој резултат беше објавен во списанието “Астрономија и астрофизика” од ГРАВИТИ Соработка, во кое тие ги презентираат забелешките на егзопланетата HR8799e користејќи оптичка интерферометрија. Егзопланетата беше откриена во 2010 година, орбитира околу младата ѕвезда HR8799, која е далеку околу 129 светлосни години од Земјата во соѕвездието Пегаз.
Резултат, кој открива нови карактеристики на HR8799e, бараше инструмент со многу висока резолуција и чувствителност. Гравити може да ги користи четирите многу големи телескопи, на Европската Јужна Опсерваторија, да работат заедно за се создаде еден поголем телескоп со помош на техника позната како интерферометар. Ова создава супер-телескоп, Многу Голем Телескопски Интерферометар, кој собира и прецизно ја разделува светлината од атмосферата на HR8799e и светлината од нејзината главна ѕвезда.
HR8799e е “супер-Јупитер” планета, за разлика од која било пронајдена во нашиот Сончев систем, која е и помасовна и многу помлада од било која планета што орбитира околу Сонцето.Само 30 милиони години стара, оваа егзопланета е доволно млада да им помогне на научниците во изучувањето на планетарни системи и формирањето на планети. Егзопланетата е темелно непријателска, останатата енергија од нејзиното формирање и моќниот ефект на стаклена градина,ја затоплува HR8799e на непријателска температура од околу 1000°C.
Ова е првпат оптичката интерферометарност да се искористи за откривање на детали за егзопланета, а новата техника опремена со исклучително детален спектар со невиден квалитет, десет пати подетален од претходните опсервации. Мерењата на тимот успеаја да го откријат составот на атмосферата на HR8799e, во која што имаше некои изненадувања.
“Нашата анализа покажа дека HR8799e има атмосфера која содржи многу повеќе јаглерод моноксид отколку метан – нешто што не се очекува од хемиската рамнотежа”, објаснува истражувачот Силвестре Лакур од Обзерваторијата во Париз и Институтот за ектратерестријална физика Макс Планк. “Најдобро можеме да го објасниме овој изненадувачки резултат со високи вертикални ветрови во атмосферата што го спречува јаглеродниот моноксид да реагира со водород за да формира метан”.
Тимот откри дека атмосферата исто така содржи облаци од железо и силикатна прашина. Кога се комбинира со вишокот на јаглерод моноксид, ова укажува на тоа дека во атмосферата на HR8799e има огромни и силни бури.
“Нашите набљудувања сугерираат на топка од гас осветлена од внатрешноста, со зраци од топла светлина што се вртат низ бурни пламени од темни облаци”, објаснува Лакур. “Конвекцијата се движи околу облаците од силикатни и железни честички, кои се деагрегираат и дождуваат долу во внатрешноста. Ова ни прикажува слика на динамична атмосфера на џиновска егзопланета при раѓање, подложена на сложени физички и хемиски процеси”.
Овој резултат се базира на низа импресивни откритија на Гравити, кои вклучуваат откритија како што е минатогодишното набљудување на гасот што се врти со околу 30% од брзината на светлината што се наоѓа надвор од хоризонтот на масивната Црна дупка во Галактичкиот центар. Исто така додава нов начин на набљудување на егзопланетите на веќе обемните методи достапни на телескопите и инструментите на Европската Јужна Опсерваторија, отворајќи го патот до многу повеќе импресивни откритија.
Ова истражување беше претставено во трудот “Прво директно откривање на екзопланета со оптичка интерферометрија” во списанието “Астрономија и Астрофизика“.
Превод:Лазар Динев
Линк: phys.org