Силните Сончеви бури ги поттикнуваат појавите на аурори на Јупитер

0

Научниците од опсерваторијата Чандра откриваат дека Сончевите бури на Јупитер поттикнуваат појава на интензивна северна светлина, исто позната по нејзиното латинско име: аурора бореалис. Се произведуваат нови рентген зраци кои се осум пати посветли од вообичаеното, со енергија стотици пати поголема од аурорите овде на Земјата. Ова е прво проучувуње на поларните светлини од рентген зраци по присуство на силна Сончева бура на Јупитер.

Силните Сончеви бури ги поттикнуваат појавите на аурори на Јупитер

Големата црвена дамка на Јупитер снимена во 2000 година од страна на леталото Касини. Извор: NASA

Откритието ќе ја дополни мисијата Јунона (Juno) чија цел е објаснување на заемното дејство помеѓу двете најголеми тела во нашиот систем: Сонцето и Јупитер.  Јупитер, како и за влијанијата кои ги трпи од страна на Сонцето. Овие информации, пак, би биле многу корисни при безбројните проучувања на магнетните објекти низ галаксијата, како егзопланетите, кафеавите џуџиња и неутронските ѕвезди.

За време на поголемите Сончеви бури, ветровите со честички кои се исфрлаат од Сонцето стануваат сè посилни и ја притискаат магнетосферата на Јупитер, поместувајќи ја нејзината граница низ просторот. Истражувањето открива дека токму ова ги поттикнува силните X-зраци во поларните светлини на Јупитер, кои опфаќаат површина поголема и од површината на Земјата. Со понатамошните истражувања на влијанијата на Сонцето врз вселенските временски услови и атмосферата на Јупитер, ќе можеме и попрецизно да утврдуваме дали некоја егзопланета е погоден кандидат за живот, според нејзината атмосфера.

Извор: Phys

Превод: Михаела Стојанова

Сподели.