Прослава за 50 години од слетувањето на Месечината 

0

Нашето друштво го прослави еден од побитните датуми во полето на астрономијата. Слетувањето на Месечината кое се случи на 20 Јули 1969 година, беше прославено од над 600 милиони луѓе од целата планета. Тоа беше едно од најголемите достигнувања на човекот и технологијата во историјата.

plakat 2

Транзит на Меѓународната Вселенска Станица преку дискот на Месечина

Од тогаш поминаа 50 години, и ние го прославивме овој историски момент заедно со нашите пријатели и љубители на астрономијата. 

предавање

Кратка презентација за интересни работи околу слетувањето на Месечина

Беше организиран настан во кафулето Котур во Скопје, каде присуствуваа околу 100тина гости. Имавме поставено изложба на астро фотографии направени од наши членови на друштвото, со тема Месечина. Покрај изложбата, нашиот член Радан Митровиќ оддржа предавање за слетувањето на Месечината и сподели многу интересни и забавни факти за истото. 

изложба

Дел од поставената изложба

Отпосле проектиравме документарец за Аполо 11 мисијата, и се забавувавме во кафулето во текот на ноќта. 

боро и јас

Пригодно облечени за настанот

Ги покануваме сите љубители на астрономијата да ни се придружат во прослава на вакви или слични астрономски настани. Сите информации за идни настани може да се најдат на нашиот facebook профил. 

Sparky

Сподели.