Откриени се 20 нови месечини кои орбитираат околу Сатурн, и Вие можете да помогнете во нивното именување!

0

Со новооткриените 20 месечини, Сатурн го симна Јупитер од тронот како планета со најмногу природни сателити. Вкупната бројка за Сатурн сега изнесува 82, наспроти Јупитер со 79.

new moons

Уметнички концепт на 20те нови месечини кои орбитираат околу Сатурн

Една од новооткриените месечини ја има најоддалечената позната орбита околу Сатурн. Сите се слични по големина, со дијаметар околу 5 километри. На две од месечините им треба околу две години да направат една орбита, додека на останатите им требаат од 18 месеци до три години.

Седумнаесет од новите месечини орбитираат ретроградно околу Сатурн, односно обратно споредено со останатите природни сателити на планетата. Ретроградните планети имаат орбити кои наликуваат на веќе познатите Сатурнови месечини. Набљудувајќи ја нивната инклинација, астрономите претпоставуваат дека овие месечини се дел од поголема месечина која се распаднала многу одамна.

Месечините беа откриени од тим предводен од Скот С. Шепард во Карнеги Институтот за Наука, користејќи го Субару Телескопот на Мауна Кеа, Хаваи.

Минатата година токму Шепард откри 12 нови месечини кои орбитираат околу Јупитер, и Карнеги објави онлајн натпревар за да се именуваат пет од нив. Ист ваков натпревар ќе биде организиран и за месечините на Сатурн.

Со проучување на овие мали месечини, начинот на кој се групирани и нивните интеракции со најголемите планети во нашиот Соларен Систем, може да се дознаат одговорите на многу прашања во врска со тоа како планетите биле формирани и како еволуирале.

Повеќе информации во врска со откритието може да се најдат на следниот линк.

Доколку сакате да учествувате во натпреварот, кликнете овде.

Сатурн има 20 нови месечини

 Превод: Даница Ѓорѓевска

Извор: http://www.astronomy.com 

https://carnegiescience.edu

Сподели.