Од каде потекнуваат бизарните спирални форми на површината на Месечината?

0
Од каде потекнуваат бизарните спирални форми на површината на Месечината?

Реинер Гама е еден од најчудните објекти на површината на Месечината. Извор: НАСА/ Lunar Reconnaissance Orbiter.

Новите докази укажуваат дека чудните појави во форма на вртлог на површината на Месечината се всушност настанати од удари од комети. За појава со најбизарен облик е прогласена Реинер Гама и може да се види со мал телескоп насочен кон југозападниот дел. Последователно, беа откриени уште два слични објекти откако вселенско летало испрати снимки од одалечената страна на Месечината.

Откако беа откриени, имаше обиди за објаснување на овие појави преку аномалии на магнетното поле на Месечината. Претпоставката е дека деловите со посилно магнетно поле влијаат на соларниот ветар. Односно, честиците од ветерот потемнуваат дел од површината, па така излегуваат тие различно обоени, односно осветлени делови.

Последната теорија е дека овие појави се најверојатно предизвикани од удари од комети. Како што се приближуваат до Сонцето, зад кометите се оформуваат познатите опашки кои всушност се задолжени за посветлите трагови на површината на Месечината. Потемните линии се стопени или остатоци во вид на пареа. А, интензивните магнетни полиња генерирани за време на брзите удари од кометите ја објаснуваат поврзаноста меѓу местата каде се наоѓаат појавите со форма на вртлог и магнетните аномалии. Овие места ќе исчезнат со текот на времето и авторите претпоставуваат дека ударите се случиле во текот на изминативе 100 милиони години.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: IFL Science

Сподели.