Нова теорија укажува кон единечно решение за најголемите проблеми во физиката

0

Стандардниот Модел на честичките е најдоброто објаснување за интеракциите на честичките и физичките сили во светот. Сепак, ова решение е далеку од совршено и новите откритија низ годините укажуваат кон тоа дека има уште многу да се осознава за природата на Универзумот.

Сега, група од европски физичари предложува екстензија и надоврзување на Стандардниот Модел и тие велат дека нивната идеја разрешува дел од проблемите кај моделот, како што се: самата природа на темната материја, како неутрината се менуваат од еден тип во друг, и зошто Универзумот е создаден од материја наместо анти-материја.

Научниците предложуваат дека овие проблеми, како и некои дуги, може да бидат објаснети со додавање на шест нови честички во Стандардниот Модел. Три би биле десно-ориентирани неутрина, кои се како нормалните неутрина, само што имаат спин во спротивната насока. Наредна честичка би бил нов фермион, кој се распаѓа во кварки и исчезнува во сегашниот Универзум, додека останатите две се нови честички кои создаваат интерактивно поле.

Тимот претпоставува дека ова ново поле има интеракција со Хигсовото поле (полето кое ја дава масата на самите честички), и според нивниот модел, тоа би можело да го создава експоненцијалното ширење кое Универзумот го доживеал во неговиот многу ран стадиум, исто така позната како космичка инфлација.

Додека предложеното поле е клучно за објаснувањето за тоа што се случило после Големиот Прскот, една од честичките на самото поле можеби има улога низ целата историја на Универзумот: таа би можела да ја претставува темната материја. При самиот почеток, нивното поле создава огромна количина на „аксиони“ – многу лесни честички кои немаат скоро никаква интеракција со „стандардните“ честички. Својствата кои тие ги пронашле во својот модел, кој тие го именувале „SMASH“ (Standard Model Axion Seesaw Higgs), прави да овие аксиони одговараат на концептот за темната материја опишан од страна на космолозите.

SMASH беше објавен во труд и иако објаснува дел од недостатоците на Стандардниот Модел, тој сè уште не е потврден. Честичките предложени од истражувачите, можеби наскоро ќе бидат откриени од неколку тековни или претстојни експерименти како CULTASK или MADMAX експериментите.

„Најдоброто нешто во врска со предложената теорија е тоа што таа може да биде проверена во наредните 10-тина години,“ вели ко-авторката Андреа Рингвалд од Германија.

Со разните експерименти кои се извршуваат ширум светот, потрагата за подобрувањето на Стандардниот Модел на честички е во полн ек. Сепак, не знаеме кога и дали воопшто ќе стигнеме до таков посакуван резултат.

Превод: Бојан Андоновски

Извор: IFL Science

Сподели.