Како се означуваат астероидите?

0

На неодамна одржаното предавање на Летенка, беше споменат астероид на кој слета првата јапонска сонда „Хајабуса“ (Hayabusa), а кој има ознака 1998 SF36. Првиот астероид кој го истражувала некоја сонда има ознака 1898 DG. Зошто и како ги добиваат овие броеви астероидите и како се читаат?

Како се означуваат астероидите?

Астероидот Итокава (Itokawa). Заслуги: JAXA

Всушност, станува збор за т.н. привремени астрономски ознаки, кои се даваат на секој новооткриен објект. Често, овие ознаки се заменуваат со трајни имиња, веднаш откако прецизно ќе се спресмета траекторијата на објектот. Во случајот со астероидите, тие се откриваат во толкав број, што многумина од нив никогаш нема да го добијат вистинското име, туку ќе бидат забележани во каталозите само под привремената ознака.

Денешниот систем на ознаки на мали планети е на сила од 1925 г. и тој всушност е надоградување на неколку претходни конвенции.

Првиот елемент во привремените ознаки на мали планети претставува годината на нивното откривање;потоа следат по две букви, а понекогаш и броеви.

Како се означуваат астероидите?

Астероидот 243 Ida.

Првата буква ја означува половината на месечината, во кој објектот е откриен – „А“ означува дека откритието е во првата половина од јануари, „D“ е во втората половина од февруари, „J“ е првата половина на мај („I“ никогаш не се користи), „Y“ втората половина од декември и тн. Првата половина од месецот секогаш се смета од 1-ви до 15-ти во месецот, без разлика на тоа колку денови има другата „половина“.

Втората буква и броевите го означуваат редоследот на откритие во дадената половина од месецот. На пример: осмата мала планета откриена во втората половина на март 1956 би имала привремена ознака 1965 FH1.Со оглед на тоа што современата астрономска техника овозможува пронаоѓање на многу повеќе објекти за половина од месецот отколку што има броеви, броевите покажуваат колку пати една буква направила „круг“. Затоа, 28-та мала планета откриена во втората половина од март 1956 г. ќе има ознака 1956 FC. Од технички причини, броевите понекогаш се „израмнуваат“, и затоа (неправилно) се пишуваат, како на пр. 1956 FC1. Првиот експонент за прв пат е напишан во случајот со астероидот 1926 GA1.

Шематски приказ на ознаките кои се користат при именување на астероидите. Во првата колона е прикажано значењето на првата буква од името - делот од годината во кој е откриен астероидот. Втората колона ја опишува втората буква во името - за тој период, кој е по ред откриениот астероид. Третата колона го означува долниот индекс во името, односно колку „круга“ се поминати од азбуката при именување на претходните астероиди пронајдени во тој период.

Шематски приказ на ознаките кои се користат при именување на астероидите. Во првата колона е прикажано значењето на првата буква од името – делот од годината во кој е откриен астероидот. Втората колона ја опишува втората буква во името – за тој период, кој е по ред откриениот астероид. Третата колона го означува долниот индекс во името, односно колку „круга“ се поминати од азбуката при именување на претходните астероиди пронајдени во тој период.

Првата мала планета откриена на 1 јануари 2015 г. би ја имала ознаката 2015 АА. Ова именување е продолжено до 2015 АЗ, а потоа продолжено со 2015 АА.

Астероидот Итокава (Itokawa) на Хајабуса, сè до почетокот на мисијата 2003 година, носел привремена ознака 1998 SF36, што значи дека е откриен во втората половина од септември 1998, и дека бил 906-ти објект откриен таа година (F→6 + 36×25 = 906).

Извор: Астрономски магазин, автор: Драшко Драговиќ

Превод: Петар Ивановски

Сподели.