Хоризонтски координатен систем

0

Хоризонтскиот систем се дефинира локално за секој набљудувач, на смото место, на Земјата (или на некое друго небесно тело). Неговиот почеток е местоположбата на набљудувачот, негова референтна оска е локалната вертикала (определено од локалното гравитациско поле), а референтната рамнина е видливиот хоризонт или просто, хоризонтот кој е нормален на оската.

!csphere2
Точката на пресек на оската-вертикалата со небесната сфера, над посматрачот, се вика зенит, а во спротивен правец, точката на пресек под набљудувачот – надир.

latitude

Низ секој правец, или точка на небесната сфера, на пример, позиција на ѕвезда, поминува единствена полу-рамнина (или полукруг) нормална на хоризонтот; наречена вертикален круг; сите вертикални кругови се сечат во зенитот и надирот. Во рамнината на својот вертикалeн круг, разгледуваната позиција може да се опише со аголот од хоризонтот, наречен висина (или алтитуда) h. Во некои случаи, астрономите се користат и и со аголот помеѓу правецот и зенитот – тоа е зенитно растојание z. Релацијата меѓу висината и зенитното растојание е z = 90° – h. Сите објекти над хоризонтот имаат позитивни вредности за висината – максимум до 90°, а оние под хоризонтот негативни. Втората координата за позицијата во хоризонтскиот систем се дефинира според точката во која вертикалниот круг го пресекува хоризонтот. Се нарекува азимут А, и во астрономијата и на северната хемисфера, тоа е аголот од јужната точка одејќи кон запад, север и исток се до подножјето на вертикалниот круг.

altaz1

Вредностите се движат од 0 до 360 степени. Во геодезијата, за нулта точка се зема северот и наместо азимут употребуваат друг израз. Во секој случај треба да се нагласи како е измерен азимутот (на пример колку е А за запад 90 или нешто друго). Имајќи ги предвид нашите стандарди, јужната, западната, северната и источната точка имаат координати на азимутот 0, 90, 180 и 270 соодветно. Вертикалниот круг кој поминува низ северната и јужната точка – север-југ над нашата глава, е позната како локален или небесен меридијан. Тој исто така поминува и низ зенитот и надирот.

Секој набљудувач има свој посебен хоризонтски систем, чии координати за еден ист објект истовремено гледан, се разликуваат за двајца различни, оддалечени набљудувачи. Да го разгледаме следниот пример:

dvjcaa

Двајца припадници на расата Homo sapiens sapiens набљудуваат иста појава на небото (ѕвездата Северница – Polaris), но едниот од студените предели на Лапонија, а другиот од топлите плажи на Карибите. Очигледно тие ќе ја гледаат Северницата различно. Уште повеќе, висината и азимутот на објектот постојано се менуваат со времето дури и од иста локација. Значи, овој систем е погоден за претставување на небесните тела во дадено време и локација, но не е погоден за опишување на постојани правци во Вселената.

Уште нешто. Згодно е да знаеме од практични причини колку изнесуваат агловните големини. Еден од најпростите начини е користењето на сопствената шака. Исправете ја раката и научете некои од следниве мери (на пример од згобот на малиот прст до зглобот на показалецот има 8°). Сите мерки изнесени на сликата се проценки и варираат зависно личноста што ги употребува.

hands

Сподели.