Многу големиот телескоп (VLT) на Јужната Европска опсерваторија (ESO), укажа на нов начин на создавање на ѕвезди.
Набљудувањата направени со Многу големиот телескоп (VLT), откриваат ѕвезди формирани во моќните извори на материјата, насочени од супермасивните црни дупки во центарот на галаксијата. Ова е значајно, затоа што за првпат успешно се потврди дека е можно формирање на ѕвезди во така екстремни услови.
Британската водечка група на европски астрономи, ги користела инструментите MUSE и Х-shooter, со кои е опремен моќниот VLT (Very Large Telescope) телескоп поставен во oпсерваторијата Паранал во Чиле. Целта е да се проучи идниот судир на две галаксии под заедничко име IRAS F23128 – 5919, кој се наоѓа на 600 милиони светлински години од Земјата. Групата вршела набљудувања на џиновските ветрови, кои со себе носат материја, и пронашле прв јасен доказ дека некои ѕвезди се навистина родени во нив.
Супермасивните црни дупки се прекриени во јадрата во повеќето галаксии, и кога тие ја вшмукуваат матријата во себе, доаѓа до загревање на околниот гас, што предизвикува силен ветер и истиот тој гас го исфрла во околниот простор во облик на урагански ветер со голема густина.
Астрономите се надеваа дека условите внатре во материјата се токму како што би требале да одговараат на формирањето на ѕвезди, но досега никој не забележал дека формирањето на ѕвезди навистина и се случува. Според научниците од Универзитетот од Кембриџ, овие набљудувања во вакви услови се навистина многу комплицирани. Така, резултатите од набљудувањата покажуваат дека ѕвездите навистина се раѓаат во такви услови.
Познато е како зрачењето на младите ѕвезди доведува до блескање на околните облаци од гас. Посебната чувствителност на инструментот Х-shooter им помогна да утврдат и други можни извори на овие блескања, вклучувајќи и нагли промени на притисокот на гасот или делувањето на активното галактичко јадро.
Најновите резултати од анализите укажуваат дека тие ѕвезди се потопли и посветли отколку тие што се формирани во помалку екстремни услови, какви што се условите кои се присутни внатре во галактичките дискови. Како дополнителен доказ, астрономите ги одредиле и движењето и брзината на тие ѕвезди. Светлината од речиси целиот регион во околината на ѕвездите укажува дека брзината на ѕвездата која го напушта центарот на галаксијата е многу голема. Од Универзитетот од Кембриџ истакнуваат дека ѕвездите кои се формирани поблиску до центарот на галаксијата ќе се успорат и ќе тргнат назад кон центарот, додека преостанатите ѕвезди помалку ќе се успорат и дека при целото нивно движење можат дури и да ја напуштат галаксијата.
Овие нови откритија може да донесат нови аспекти од астрофизиката, како што е прашањето на добивање на обликот на галаксијата во текот на нејзината еволуција. Потоа, на кој начин меѓугалактичкиот простор се збогатува со потешки елементи, па дури и да го утврди потеклото на досега необјаснетото инфрацрвено позадинско зрачење.
Превод: Петар Ивановски
Извор: Astronomski Magazin