Патување низ вселената во близина на Ѕвездата на Бернард

0

Најблиската егзопланета до нас, ако ги земеме предвид единечните ѕвезди како нашето Сонце, е планетата која што се наоѓа околу Ѕвездата на Бернард и е наречена Barnard`s Star-b (BSb). (Планетата Проксима Кентаури-б е поблиску, но Проксима Кен е всушност дел од троен систем на ѕвезди со Алфа и Бета Кентаури и целот тој процес на еволуција таму е прилично комплициран.) BSb орбитира околу нејзината ѕвезда на далечина слична како што Меркур орбитира околу нашето Сонце, но Ѕвездата на Бернард е џуџе од М-тип и наспроти тоа што планетата е блиску до самата ѕвезда, таа се наоѓа и на дистанца каде што ѕвезденото зрачење е доволно слабо за да овозможи испарливите елементи да кондензираат на површината на самата планета. Сето ова ја прави BSb интересна планета, а воедно и можен клучен елемент за идниот прогрес во нашето сфаќање за формирањето на планетите и атмосферската еволуција.

Екстремната ѕвездена активност и ветровите, посебно кај ѕвездите џуџиња од М тип, имаат многу важна улога во развитокот на една планета и нејзината атмосфера. Овие активности се поврзани и со магнетската активност на ѕвездата, но за несреќа, создадените модели се сеуште неспособни да предвидат како првичните атмосферски услови се развиваат во околина на силно зрачење. Па, дали можеби ефектите од ветровите кои потекнуваат од самата ѕвезда ја уништуваат секоја можност за постоење на атмосфера на планетата BSb?

Астрономите Џулијан Алварадо-Гомез, Сесилија Гарафо, Џереми Дрејк и Софија Мошу заедно со нивните колеги имаат спротивно мислење за ова. Тие велат дека BSb се наоѓа на многу поголема оддалеченост од својата ѕвезда споредено со Проксима Кен б, во домен многу подалеку од короната на ѕвездата. После извршените анализи на ротацијата и другите карактеристики на Ѕвездата на Бернард, посочуваат дека се работи за многу постара ѕвезда, околу седум до десет милијарди години и дека секое постоење на магнетно поле треба да се смета дека е многу помало. Астрономите заклучуваат и дека наспроти благата клима која денес можеби постои на планетата што орбитира околу Ѕвездата на Бернард, во нејзините почетоци во минатото истата била подложна на огромни постојани промени. Денес се смета дека BSb има некаква атмосфера која може да биде проучувана во иднина.

Превод: Христина Милошевска

Извор:phys.org

 

 

 

Сподели.