Зошто неделата има седум дена?

0

Чекајќи го викендот понекогаш може да е неподносливо, цели седум дена меѓу две саботи. Неделата со седум дена постои одамна и лугето ретко се прашуваат зошто. Најголемиот дел од мерењето на нашето време е поради движењето на планетите, Месечината и ѕвездите. Нашиот ден е еднаков на ротацијата на Земјата околу својата оска. Една година е ротацијата на Земјата околу Сонцето, 364 + ¼ дена, поради што додаваме уште еден ден во Фебруари на секои четири години.

7 дена

Вавилонците прифатиле седмодневна недела заради седумте небесни тела кои гледале со голо око а небиле ѕвезди. На сликата погоре се гледаат 4 од 7. Лево најсјајната е Месечина за време на нејзиното затемнување, под неа е Марс, во средина е Сатурн а сосема десно е Јупитер. Заслуги: Kaustav Ghose/Flickr

Но неделата и месецот се малку покомплицирани. Фазите на месечината не соодветствуваат целосно со сончевиот календар. Циклусот на месечината трае 27 дена и седум часа со 13 фази во една сончева година.

Некои од најраните цивилизации го набљудувале космосот и ги следеле движењата на планетите, Сонцето и Месечината. Вавилонците, кои живееле во денешен Ирак, биле одлични набљудувачи и интерпретатори на небесата, и воглавно благодарение на нив нашите недели имаат седум дена.

Причината за бројот седум е тоа што тие забележале седум небесни тела – Сонцето, Месечината, Меркур, Венера, Марс, Јупитер и Сатурн. Затоа тој број имал посебно значење за нив. Другите цивилизации избрале други броеви – како Египјаните кај кои неделата била десет дена долга или Римјаните кај кои траела осум. Вавилонците ги поделиле лунарните месеции во недели од седум дена при што последниот ден имал посебно религиско значење. Месецот од 28 дена кој соодветствува со еден комплетен циклус на Месечината е голем период за да се менаџира успешно.

Но бројот седум не е во склад со сончевата година или пак месеците па затоа предизвикал неколку неконзистенции. Сепак, вавилонците биле толку доминатна култура на Блискиот Исток, особено во шестиот и седмиот век што овој и многи други од нивните концепти за времето како 60 минутниот час успеале да преживеат.

Неделата со седум дена се проширила низ Блискиот Исток и била прифатена од евреите кои биле заробеници на вавилонците за време на врвот на нивната цивилизација. Другите култури во околните области исто така ја прифатиле седумдневната недела меѓу кои персиската империја и грците.

Векови подоцна кога Александар Македонски го започнал ширењето на грчката култира низ Блискиот Исток кон Индија концептот за неделата со седум дена исто така се проширил. Научниците мислат дека можеби Индија подоцна ја донела седумдневната недела во Кина.

На крај кога Римјаните почнале да ја освојуваат територијата која била под влијание на Александар Велики тие исто така ја прифатиле седумдневната недела. Императорот Константин ја прогласил за официјална римска недела и го направил денот недела државен празник во 321та година.

Викендот не бил прифатен како концепт се до модерните времиња на 20тиот век. Иако постојат некои недамнешни обиди да се промени седумдневната недела таа постои толку долго што изгледа е овде да остане.

Превод: Максим Осман-Николов

Извор: www.astronomy.com

Сподели.