Зора испраќа појасни фотографии од Церера

0
Зора испраќа појасни фотографии од Церера

Една од најновите фотографии од Церера направена од леталото Зора (Dawn), на растојание од 1.470 километри. Прикажана е конусовидна планина која се наоѓа на јужната хемисфера и е висока 6 километри. Заслуги: NASA/JPL-Caltech/UCLA/MPS/DLR/IDA

Благодарение на мисијата Зора (Dawn), го добиваме досега најблискиот поглед на Церера, кој ја вклучува нејзината висока конусна планина, кратерите и тесни, испреплетени бразди.

Леталото моментално се наоѓа на оддалеченост од 1.470 километри и потребни се 11 денови за да ни испрати повратни слики од целосната површина на Церера. Секој циклус од 11 денови се состои од 14 орбити. Во наредните два месеци леталото шест пати ќе ја мапира Церера во потполност. Камерата која се користи ќе овозможи 3Д моделирање. Секоја слика е со резолуција од 140 метри на пиксел и покрива помалку од 1 процент од површината на Церера.

Зора испраќа појасни фотографии од Церера

Заслуги: NASA/JPL-Caltech/UCLA/MPS/DLR/IDA

Заслуги: NASA/JPL-Caltech/UCLA/MPS/DLR/IDA

Од друга страна, инфрацрвениот спектрометар за мапирање собира податоци со кои научниците ќе ги испитуваат минералите кои се наоѓаат на површината на Церера. Истовремено, инженерите и научниците ќе добијат подетални мерења на гравитациското поле на Церера, со што ќе може да ја испланираат следната, најниска орбита на Зора, на оддалеченост од 375 км, што се очекува да се случи кон крајот на октомври.

Зора е првата мисија која посетува џуџеста планета, а воедно и прва мисија која има орбитирано околу две различни тела во Сончевиот систем. Во 2011 и 2012 г. орбитираше околу Веста, а на Церера пристигна на 6 март, 2015 година.

Превод: Дарко Рафаиловски

Извор: NASA

Сподели.