„Змеј“ лета на Марс во 2018

0

Во последно време Елон Маск, основач и директор на компанијата SpaceX, сè почесто говори за Марс. Прво, за 2018 година, го најави лансирањето на космичкиот брод „Red Dragon“ (Црвен Змеј) кон Црвената планета, а потоа ги обелодени плановите за спуштање на луѓе на Марс во 2025 година.

Во првата етапа Маск планира спуштање на капсулата на бродот „Red Dragon“ на површината на Марс, без посада. Космичкиот брод треба да биде лансиран во 2018 година со помош на супер-ракетата именувана „Falcon Heavy“ (во слободен превод „Тежок сокол“). Отприлика година дена подоцна, по доаѓањето во орбитата на Марс, капсулата на Змеј ќе се одвои од сервисниот модул и со помош на падобран, ретроактивни мотори и телескопски нозе ќе слета на планетата. Доколку биде успешна, ова ќе биде првата мисија на спуштање на Марс, апарат кој е проектиран за лет на човечка посада. Поради тоа, на оваа мисија не треба да се гледа само од аспект на тестирање на технологијата на спуштање на големи апарати на Марс, туку и како најава на амбициозна и важна програма за отпочнување на колонизација на Црвената планета за којашто Маск зборува веќе неколку години.

„Змеј“ лета на Марс во 2018

Леталото „Змеј.“ Заслуги: SpaceX

Покрај основната цел на мисијата, фасцинантен е и фактот дека проектот „Red Dragon“ во целост е иницијатива на еден бизнисмен. Стручњаците од SpaceX проектираат космички брод и ја планираат мисијата „Red Dragon“ без учество на НАСА, додека Елон Маск целосно го финансира проектот од својот џеб. Навистина, компанијата ќе добие техничка помош од НАСА, а планирано е и во текот на мисијата „Red Dragon“ да ја користи телекомуникациската мрежа на НАСА – „Deep Space Network“. Во замена за оваа помош, SpaceX ќе и овозможи пристап на НАСА кон нивните податоци собрани за време на влез во атмосферата, операцијата на спуштање и самото слетување. Тоа што Маск од својот џеб ја финансира комплетната мисија, од аспект на нејзината динамика е голема предност во однос на НАСА која, како државна администрација има далеку посложени механинзми на контрола за финансирање на космичките проекти.

Иако секој лет на Марс е многу сложен, во однос на претходните мисии за Марс, овој ќе биде единствена и специфична космичка мисија. Сведоци сме на извонредни успеси на компанијата SpaceX во областа на лансирање различни корисни терети на ниски орбити околу Земјата со помош на ракета носач од типот на „Falcon“ развиени со сопствени сили. SpaceX е првата приватна компанија којашто со финансиска помош од НАСА, развила космички брод од типот на „Змеј“ којшто успешно лета на релација Земја – МВС (ISS) – Земја и прва ја совлада техниката за враќање на капсулата од орбитата. Конечно, SpaceX е првата компанија на светот која успеала безбедно да ја врати на Земјата прв степен ракетата-носач „Falcon-9“. Овој успех има фундаментално значање како за намалување на цента на лансирање, бидејќи прв степен може одново да се користи за лансирање на сателити во Вселената, така и за мисијата за спуштање на Марс. Прецизно спуштање на џиновската ракета со помош на мотор од висина од 80 километри на пловечка платформа со дијаметар помал од 60 метри, претставува исклучително сложен зафат. Несомнено е дека ќе им помогне на стручњаците од SpaceX во разработка на методиката и технологијата на спуштање на капсулата „Red dragon“ на Марс.

Треба да нагласиме дека Елон Маск во проектот Змеј го вградил оноа што ниту еден друг космички брод, па дури ни Орион (Orion) го нема. Имено, првата верзија на Змеј се користи без посада за превоз на корисни материјали до МВС. Капсулата Змеј од Вселенската станица враќа на Земјата резултати од научни истражувања што е единствена особина меѓу автоматските теретни бродови коишто согоруваат во атмосферата после одвојување од МВС. Втората верзија на Змеј е космички брод за летање на човечка посада на ниски орбити, до МВС и назад. Меѓутоа, третата варијанта на Змеј е меѓупланетарна верзија предвидена за лет до Марс и назад, како и за евентуална колонизација на Црвената планета. Тоа е она што вселенскиот брод на Елон Маск, кој изјави дека би сакал да умре на Марс, но не за време на спуштањето, туку по природен пат, како пионер во колонизацијата на оваа планета го чини репрезентативен.

„Змеј“ лета на Марс во 2018

Елон Маск

Превод: Александра Бошкова

Извор: Astronomski Magazin

Сподели.