Нова студија сугерира дека живот би можело да има низ целиот Универзум, само не близу до нас

0

Градбените блокови биле создадени спонтано под соодветните специфични услови. Ова се нарекува спонтана генерација, или абиогенеза. Се разбира, многу детали од овој процес се непознати за нас и ние едноставно не знаеме како тоа се случило. Или, пак, колку често може да се случи.

uni

Мапа на видливиот универзум. Заслуги: Пабло Карлос Будасси/Викимедија.

Религиите ширум светот имаат различи идеи за тоа како се појавил животот. Секако, тие идеи се потпираат на магичните сили на разните натприродни божества за да го објаснат сето тоа. Но, религиозните објаснувања, иако се примамливи приказни, оставаат многумина од нас незадоволни.

Како се појавил животот е едно од најтешките прашања со кое науката постојано се бори. Томонори Тотани, професор по астрономија на Универзитетот во Токио, е научник кој што е интригиран од ова прашање. Тој напиша нов труд под наслов „Појавување на животот во инфлацион универзум“.

Трудот на Тотани се темели врз неколку концепти. Првиот е староста и големина на Универзумот, како се надувува со текот на времето и која е веројатноста да се случат настани во неа. Вториот е PHK – поконкретно, колку треба да е долг еден ланец на нуклеоиди за да се очекува само-реплицирачка активност.

Тотаниовиот труд, како и скоро сите трудови на абиогенезата, ги разгледува основните компоненти на животот на Земјата: РНК, или рубионуклеинска киселина. ДНК ги поставува правилата за тоа како се создаваат индивидуалните форми на живот, но ДНК е многу покомплексна од РНК.

Иако РНК е посложена од сировите хемикалии и молекули кои се наоѓаат во вселената или на површината на планети или месечини, сепак едноставноста на РНК во спредба со ДНК укажува на тоа дека поголема е веројатноста РНК да се појавил преку абиогенеза.

Исто така, постои една теорија на еволуцијата која вели дека иако ДНК ги носи инструкциите за создавање на еден организам, РНК ја регулира транскрипцијата на ДНК секвенциите. Оваа теорија се нарекува „Еволуција базирана на РНК“. Според неа РНК е предмет на Дарвинската природна селекција и е наследна. Ова се некои од образложенијата за погледот кон РНК наспроти ДНК.

РНК претставува низа од нуклеотиди. Некои истражуувања покажуваат дека низата на нуклеотиди треба да се состои од најмалку 40 до 100 нуклеотиди за да може да постои само-реплицирачко однесување, а со тоа и живот.

Со тек на време, доволен број нуклеотиди можат да формираат низа која го исполнува тој услов за должина. Но, прашањето е, дали имало доволно време во животот на Универзумот за да се случи ова? Па, ние сме тука, така што одговорот мора да е да, зарем не?

Според соопштението за објавување на овој нов труд, „… сегашните проценки сугерираат дека бројката од 40 до 100 нуклеотиди не би требало да биде можна во обемот на просторот што го сметаме за видлив универзум “.

Тука клучниот термин е видлив универзум.

„Сепак, во универзумот има повеќе отколку што може да се набљудува,“ вели Тотани. „Во современата космологија, заклучено е дека универзумот поминал низ период на брза инфлација, создавајќи огромен регион со експанзија која го надминува хоризонтот на она што директно можеме да го набљудуваме. Вметнувањето на поголемиот волумен на универзумот во моделите на абиогенезата значително ги зголемува шансите за создавање на животот“.

Нашиот Универзум се појавил во текот на Големата експлозија, настан со единствена инфлација.

Според трудот на Тотани, нашиот Универзум „најверојатно вклучува повеќе од 10^100 ѕвезди слични на Сонцето”, додека видливиот Универзум содржи само околу 10 секстилиони (10^22) ѕвезди.

Знаеме дека абиогенезата се случила барем еднаш, така што прашање е дали таа се случила повеќе од еднаш, дури и ако шансите се бесконечно мали.

Според статистичките податоци, количината на материја во видливиот Универзум треба да може да создаде РНК која е долга 20 нуклеотиди, што е значително помаку од 40 – 100. Но, поради брзата инфлација, голем дел од Универзумот не може да се набљудува. Едноставно премногу е далеку за да светлината испуштена од Големата експлозија стигне до нас.

Кога космолозите го додаваат бројот на ѕвездите од видливиот Универзум со бројот на ѕвездите од невидливиот Универзум, го добиваат бројот 10^100 ѕвезди слични на Сонцето. Тоа значи дека има многу повеќе материја одошто првично се мислело, така што абиогенетските креации од долги низи на РНК не само што се можни, туку веројатно се и неизбежни.

Универзумот е многу поголем од својот видлив дел, и веројатно содржи 10^100 ѕвезди слични на Сонцето. За веројатноста на едно абиотско создавање на РНК на планета како Земјата да е еднакво на 1, тогаш минималната должина на нуклотидите мора да биде помала од 20 нуклеотиди, што е многу помалку од првично наведениот минимум од 40 нуклеотиди.

Но, научниците не веруваат дека РНК со само 20 нуклеотиди може да се само-реплицира, барем не од нашата перспектива како набљудувачи на копнениот живот.

Трудот на Тотани не дава одговор. Но, како и многу други научни трудови, тој помага да се рафинира прашањето и ги поканува другите да се вклучат во проучувањето.

„Како и многумина од оваа област на истражување, јас сум управуван од љубопитност и големи прашања,“ бели Тотани.

„Со комбинирањето на моето неодамнешно проучување на хемијата на РНК со мојата долга историја на космологија, сфаќам дека постои убедлив начин преку кој универзумот преминал од абиотска во биотска состојба. Ова е една  возбудлива мисла и се надевам дека идни истражувања ќе се темелат врз оваа идеја со цел да се открие потеклото на животот“.

Превод: Дефне Еминовска

Извор: sciencealert.com

Сподели.