Земјата се врти побрзо во последно време

0

Научниците низ целиот свет имаат забележано дека земјата во последно време, околу својата оска се врти побрзо од нормалното-всушност најбрзо до сега. Неколку научници имаат дадено изјави за овој необичен феномен, дури и некој истакналае дека во изминатава година сме имале некои од најкратките денови забележани било кога.

zemja

Во најголем дел од историјата на човештвото , времето било обележано со 24 часовниот циклус на променaтa на денот и ноќта. Овој циклус е управуван од брзината на вртењето на земјата околу својата оска. Поради тоа, должината на денот станал стандард според кој времето се бележи- секој ден трае 86,400 секунди. Овој циклус-ден/ноќ е неверојатно постојан, и покрај тоа што помалку варира на регуларна база.

Пред повеќе децении, развојот на атомските часовници им овозможил на научниците да го бележат изминувањето на времето во неверојатно мали делови, со што се овозможило да се измери времетраењето на еден ден со точност од милисекунди. Со што се отрило дека ротацијата на земјата е многу поваријабилна отколку што првично се претоставувало. Поради ваквите мерења научниците откриле дека земјата го забувувала своето вртење многу полека (ова се компензирало со додавање на „престапна секунда“)- се до минатата година кога земјината ротација почнала повторно да се забрзува- до тој степен што некои почнале да се прашуваат дали оваа година негативна „престапна секунда“ ќе биде потребна. Исто така научниците забележуваат дека на 19 Јули 2020 бил забележан најкраткиот ден од кога започнале мерењата- цели 1.4602 милисекунди пократок од обично.

Планетарните научници не се загрижени за оваа нова вест. Тие имаат научено дека има повеќе фактори кои влијаат врз брзината на ротација, како привлекувањето од месечината, количеството на снежна падавина, и ерозијата на планините, Исто така тие почнуваат да се запрашуваат дали можеби глобалното затоплување има удел, со топењето на високо планинкиот снег и снежните покривки. Од друга страна, компјутерските научници се загрижени за оваа промена-поради тоа што голем дел од денешната модерна технологија се базирира на таканареченото „вистинско време“. Додавањето на негативна „престапна секунда“ може да предизвика проблеми, па затоа некои имаат дадено предлог за промена на светското време од соларно во атомско време.

Превод-Христијан Петрески

Извор: phys.org

Сподели.