Доброто време во петокот на 20 март овозможи да можеме без проблеми да го набљудуваме затемнувањето на Сонцето. Од кај нас, за време на максимумот (во 10:45 по наше време), беа затемнети околу 43% од Сонцето. Голема беше заинтересираноста на граѓаните да го погледнат овој редок астрономски настан.
Погледнете низ фотографиите како дел од нашите членови го проследија затемнувањето во Македонија, а и низ Европа.

Мултиекспозиција од затемнувањето на Сонцето над Скопје. Сонцето е фотографирано преку филтер за подоцна да се залепи врз пејсажот кој беше фотографиран пред да навлезе Сонцето во кадар. Авторски права: Марија Јанчевска

Колаж од фазите за време на затемнувањето во Скопје. За време на максимумот 15-тина минути Сонцето ни беше облаци па тој дел изостанува. Авторски права: Мартин Стојановски

Фотографија од затемнувањето направена директно преку окуларот на еден од телескопите на градскиот плоштад. Авторски права: Марина Димовска

Фотографија направена од групата која беше задолжена за фотографирање на настанот. Авторски права: Мартин Стојановски

На плоштадот во Скопје цело време имаше заинтересирани кои сакаа да го погледнат затемнувањето преку опремата на нашето Друштво

На горните 2 фотографии може да се види еден од најбезбедните и најлесните начини да го гледате затемнувањето. Со едноставна проекција на Сонцето преку мало дупче направено на лист хартија. Фото: Марина Димовска

Фото тимот кој беше сместен пред музејот на современа уметност го привлече вниманието на локалните посетители, па заедно го проследија затемнувањето. Авторски права: Горан Петров

Фото тимот напорно работи за да ги фати сите фази од затемнувањето низ повеќе телескопи и објективи опремени со посебни филтри за Сонце. Авторски права: Марија Јанчевска
Анимација од сите фази за време на затемнувањето. Автрорски права Горан Петров

За крај најголемото затемнување (околу 83%) кое го забележа некој од нашите членови. Мартин Димитриевски од Гент – Белгија
Дополнително како ќе се обработат уште фотографии ќе бидат објавени на нашиот сајт или на групата на САД на facebook.