Затемнување на Сонцето 20.03.2015 низ фотографии од членови на САД

0

Доброто време во петокот на 20 март овозможи да можеме без проблеми да го набљудуваме затемнувањето на Сонцето. Од кај нас, за време на максимумот (во 10:45 по наше време), беа затемнети околу 43% од Сонцето. Голема беше заинтересираноста на граѓаните да го погледнат овој редок астрономски настан.

Погледнете низ фотографиите како дел од нашите членови го проследија затемнувањето во Македонија, а и низ Европа.

Затемнување на Сонцето 20.03.2015 низ фотографии од членови на САД

Мултиекспозиција од затемнувањето на Сонцето над Скопје. Сонцето е фотографирано преку филтер за подоцна да се залепи врз пејсажот кој беше фотографиран пред да навлезе Сонцето во кадар. Авторски права: Марија Јанчевска

Колаж од фазите за време на затемнувањето во Скопје. За време на максимумот 15-тина минути Сонцето ни беше облаци па тој дел изостанува. Авторски права: Мартин Стојановски

Колаж од фазите за време на затемнувањето во Скопје. За време на максимумот 15-тина минути Сонцето ни беше облаци па тој дел изостанува. Авторски права: Мартин Стојановски

Затемнувањето проследено од нашиот член Филип Парталовски од Дрезден - Германија.

Затемнувањето проследено од нашиот член Филип Парталовски од Дрезден – Германија.

IMG_1044

Фотографија од затемнувањето направена директно преку окуларот на еден од телескопите на градскиот плоштад. Авторски права: Марина Димовска

Фотографија направена од групата која беше задолжена за фотографирање на настанот. Авторски права: Мартин Стојановски

Фотографија направена од групата која беше задолжена за фотографирање на настанот. Авторски права: Мартин Стојановски

Фото тимот беше на повеќе места во градот: Авторски права: Александар Алексов

Фото тимот беше на повеќе места во градот: Авторски права: Александар Алексов

Gledacka

Креативен начин да си направите специјални наочари за да го проследите затемнувањето.

Gledacki

Уште неколку креативци од нашето Друштво што уживаат во затемнувањето.

IMG_1013

На плоштадот во Скопје цело време имаше заинтересирани кои сакаа да го погледнат затемнувањето преку опремата на нашето Друштво

Концентричен круг од проекции од мали затемнувања

Концентричен круг од проекции од мали затемнувања

IMG_1107

На горните 2 фотографии може да се види еден од најбезбедните и најлесните начини да го гледате затемнувањето. Со едноставна проекција на Сонцето преку мало дупче направено на лист хартија. Фото: Марина Димовска

IMG_1092

Заинтересираност на граѓаните на плоштадот. Авторски права: Марина Димовска

IMG_9213-[HD]

IMG_1074
IMG_4446

Фото тимот кој беше сместен пред музејот на современа уметност го привлече вниманието на локалните посетители, па заедно го проследија затемнувањето. Авторски права: Горан Петров

Фото тимот кој беше сместен пред музејот на современа уметност го привлече вниманието на локалните посетители, па заедно го проследија затемнувањето. Авторски права: Горан Петров

Авторски права: Мартин Стојановски

Авторски права: Мартин Стојановски

IMG_9133_crop

Авторски права: Станко Неделковски

Marija1

Фото тимот напорно работи за да ги фати сите фази од затемнувањето низ повеќе телескопи и објективи опремени со посебни филтри за Сонце. Авторски права: Марија Јанчевска

Анимација од сите фази за време на затемнувањето. Автрорски права Горан Петров

Martin-D

За крај најголемото затемнување (околу 83%) кое го забележа некој од нашите членови. Мартин Димитриевски од Гент – Белгија

Дополнително како ќе се обработат уште фотографии ќе бидат објавени на нашиот сајт или на групата на САД на facebook.

Сподели.