Запечатена судбината на Скијапарели

0

Европско – рускиот лендер се распадна на површината на Марс.

Секоја надеж дека европско-рускиот лендер Скијапарели (Schiaparelli) сепак го преживеал слетувањето на Марс исчезна во саботата наутро. На снимките од планираното место на слетување на лендерот, кои ги направи американскиот орбитер MRO, јасно се гледа отфрлениот падобран и горниот дел од лендерот, а  подолу се гледа и кратер (15х40м).

Местото на следтување пред и после падот на лендерот.

Во наредните денови MRO ќе направи дополнителни снимки со камера со висока резолуција и тогаш подобро ќе се види сликата која претставува „ноќна мора“ за проектантите, во смисла на тоа „што тргна наопаку во текот на последната минута од слетувањето“.

На инженерите ќе им биде потребно уште неколку денови да ги обработат телеметриските податоци кои Скијапарели ги испраќаше сè до ударот на површината, за да можат да имаат увид што навистина се случило, односно да ја пронајдат причината за настанатиот проблем. Тоа се многу важни информации со оглед на тоа дека дел од применетата технологија е планирано да се искористи и во 2020-та година, кога на Марс ќе слета голем европско – руски ровер.

Главниот дел од мисијата ЕгзоМарс 2016 (ExoMars), „Орбитерот за траги од гасови“ (Trace Gas Orbiter – TGO) кој со години ќе го истражува Марс, е во одлична состојба и е на планираните параметри од траекторијата. Реално гледано оваа мисија можеме да ја сметаме за над 90% успешна, со исклучок на неуспехот со слетувањето на Скијапарели.

Запечатена судбината на Скјапарели

Превод: Александра Бошкова

Извор: Astronomski Magazin

Сподели.