Водата е меѓу најактуелните теми при истражувањето на егзопланетите, вклучувајќи ги и жешките Јупитери, кои се планети со големина слична на Јупитер, но со многу поблиска орбита. Топлината на нивната површина достигнува до 1100 степени Целзиусови, што значи дека доколку има било какво присуство на вода, таа би била во форма на водена пареа.
Авторите на оваа студија се фокусирале на проучување на атмосферите на колекција од жешки Јупитери од податоците на вселенскиот телескоп Хабл (Hubble). Открија дека речиси половина од примерокот планети биле блокирани со облаци или магла кои веројатно во голема мера го спречуваат откривањето на атмосферската вода со нашите телескопи. Самите облаци најверојатно не се составени од вода, бидејќи планетите се прежешки за ова. Конкретно во овој примерок при проучувањето водената пареа била откриена во 10 од 19 планети. Во секој случај, на речиси сите планети од ваков тип има слоеви од магла или облаци чии состав е непознат. Овој фактор го отежнува и комплицира процесот на детекција на вода, па затоа ваквите нови сознанија може да имаат влијание и врз планирањето на идните вселенски опсервации и мисии.
Превод: Михаела Стојанова
Извор: Phys