За САД

Скопско Астрономско Друштво
„Скопско астрономско друштво“ (САД) е здружение на граѓани, љубители на астрономијата, од различна возраст и националност. Основано е со Основачкото собрание одржано на 10.12.1998 г. во Скопје.
Целите и определбите на друштвото се ширење и популаризација на астрономијата како наука и обединување на сите љубители на астрономијата во нивната заедничка потрага по повеќе знаење, дружење и ведро небо.
Амблемот на почетокот на оваа страна (погоре) е официјален амблем на Друштвото.
astronomija.mk е официјален веб-сајт на Друштвото.
САД активно соработува и со Македонското астрономско друштво, Битолското астрономско друштво, Младинскиот Културен Центар, астрономско друштво од Охрид, како и со многу поединци со кои делиме заеднички интереси.
Успешна соработка е остварена и со други странски организации и здруженија, како IMO (International Meteor Organisation – Меѓународна метеорска организација), „Астрономски Магазин“ (интернет списание од Србија), АД „Инфинитум“ од Загреб (ХР), АД „Руџер Бошковиќ“ од Белград (Србија), АД „Алфа“ од Ниш (Србија) и други.