За 40 милиони години Марс може ќе има една месечина помалку и прстен околу себе

0
Фобос, една од месечините на Марс, фотографирана од далечина од 6,8000 километри. Кратерот Стикни преовладува на една од хемисферите на сателитот. Извор: НАСА/ЈПЛ/Универзитет на Аризона.

Фобос, една од месечините на Марс, фотографирана од далечина од 6,8000 километри. Кратерот Стикни преовладува на една од хемисферите на сателитот. Извор: НАСА/ЈПЛ/Универзитет на Аризона.

Ништо не е вечно. Ова особено важи за Фобос, една од двете мали месечинки кои орбитираат околу Марс. Сателитот се приближува сé поблизу до Црвената планета и е на пат кон неизбежен судир со неговиот домаќин. Едно ново истражување навестува дека парчињата од Фобос ќе го продолжат своето постоење како дел од прстенот кој ќе се оформи околу оваа карпеста планета.

Во нашиот систем, само џиновските гасовити планети имаат прстени. Според научниците кои работеле на студијата, работите не секогаш биле вака и ова е најверојатно последната шанса за една карпеста планета да добие прстен околу себе.

Малата месечинка околу Марс има три можни опции. Доколку е на вистинската оддалеченост би останала бесконечно долго во орбитата околу домаќинот. Доколку е зад оваа точка, полека ќе се оддалечува настрана. (Ваков е случајот со нас и Месечината, која постепено се оддалечува од нас за околу 1.5 инч годишно).

Доколку пак, месечината се движи преблиску до домаќинот нејзината орбита ќе продолжи да се намалува додека не се судри во планетата.

Според астрономите токму ова ќе биде судбината на Фобос. Сегашната статија објаснува малку подетално за тоа каков би бил овој настан. Најмногу зависи од составот на месечината. Правеле споредби со други тела и метеорити, после кои е утврдено дека Фобос е тело со слаба густина и е лесно распадлив објект. Исто така, овој сателит бил силно погоден од огромно тело и сега половина од неговиот дијаметар е прекриен со широк кратер. Се предвидува дека за 20 до 40 милиони години, кога месечината ќе биде на околу 3,400 милји од површината од Марс, од неа веќе ќе почнат да се распаѓаат послабите делови. Тие парчиња ќе формираат прстен со густина слична на некои од прстените околу Сатурн. Овој прстен околу Марс ќе опстојува барем еден милион години, а можеби ќе биде таму и дури до 100 милиони години.

Околу Марс може да се оформи прстен по 10-20 милиони години кога месечината Фобос ќе почне да се распарчува поради гравитациските влијанија на Марс. Извор: Tushar Mittal using Celestia 2001-2010, Celestia Development Team.

Остатокот од Фобос најверојатно ќе остане недоштетен сé до неговото слетување на површината на Марс. Ова не би бил директен удар, туку поради остриот агол телото би отскокнувало неколку пати од површината, процес кој ќе наликува на фрлање на рамно камче по водна површина.

Се верува дека вакви настани веќе се имаат случено на Марс и група од елиптичните кратери се настанати токму поради вакви удари од мали сателити.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: phys.org

Сподели.