Враќање на бронтосаурусот

0
Бронтосаурусот

Научен приказ на бронтосаурус. Заслуги: Davide Bonadonna/Creative Commons

Децении откако научниците заклучија дека овој динасаурус никогаш не постоел, новите истражувања го докажуваат спротивното.

Бронтосаурусот е еден од најпознатите џиновски диносауруси кој ја населувал планетата. Припадник на групата сауроподи, за овој диносаурус се верувало дека е само плод на нашата имагинација.

Во 1879 палеонтологот Чарлс Отниел Марш го именувал првиот член на родот (genus) Бронтосаурус, кој и ден денес е дел од поставката во Природонаучниот Музеј во Јејл. Во  1903 било откриено дека Бронтосаурусот е ист како родот Апатосаурус што бил опишан од страна на Марш во 1877. Според правилата на научната номенкалтура постарото име има предност, па така Бронтосаурусот престанал да постои.

Според најновите истражувања, се верува дека постојат доволен број на разлики меѓу Апатосаурусот и Бронтосаурусот за да тие припаѓаат на два различни рода. За разлика од Апатосаурусот, Бронтосаурусот има подолг и потенок врат, што го прави првиот уште помасивен диносаурус.

По анализа на преку 477 различни физички карактеристики на 81 вид на сауроподи, научниците заклучиле дека постоеле три вида на Бронтосауруси: Brontosaurus excelsus, B. parvus и B. yahnahpin.

Настрана од ова откритие, целосната студија на сауроподите е исто така подеднакво важна и предизвикува восхит кај палеонтолозите ширум светот. Студијата посебно се истакнува по нејзината деталност и информативност и поставува нов стандард во палеонтологијата. И покрај импресивната студија, дел од научниците сепак сè уште се скептични и понатаму истражуваат на темата дали Бронтосаурусот е поинаков род од Апатосаурусот. Кенет Карпентер, директор и кустос во Источниот Праисториски музеј при Универзитетот во Ута, забележува дека фосилите на кој Апатосауросот е базиран никогаш не биле детално анализирани, а тоа е неопходно за да може да се направи споредба со Бронтосаурусот.

Научниците понатаму велат дека сауроподите се многу поразновидни и фасцинантни отколку што било првично сметано. Голем дел на примероци изложени во светските музеи како тој во Американскиот Природонаучен музеј и во музејот во Токио, уште не биле тема на истражување. Со други зборови, можно е истражувањата што помогнаа да се воскресне Бронтосаурусот да се само почеток на многу нови откритија.

Превод: Ксенија Трајковска

Извор: Scientific American

Сподели.