Сакате да го продлабочите вашето знаење од астрономијата и науката воопшто. Доста Ви е од досадните сапуници по телевизиите. Сакате да дознаете што се случува во Вселената. Еве ја вашата нова шанса да им се доближите на ѕвездите. Им излегуваме во пресрет на сите љубители на астрономијата да го направат првиот чекор во оваа интересна наука.
Скопско астрономско друштво го организира 18-тиот по ред Воведен курс по астрономија. Целта на курсот е посетителите да се запознаат со основните принципи и факти од областа на астрономијата, без да им бидат потребни предзнаења од оваа наука. Низ секојдневни примери, многу слики, анимации и неколку важни равенки, ќе се обидеме да ви ги доближиме астрономските термини и нивното значење. Курсот е обмислен да ги следи темите кои ги обработува кој било учебник по астрономија.
Предавањата ќе се одржуваат два пати неделно – вторник и четврток, во амфитеатарот на факултетот за електротехника и информатички технологии (ФЕИТ) со почеток од 20:00 часот. Курсот ќе започне во четврток, 02-ри април, предвидени се 11 теми, од кои две ќе се одржат во Планетариумот при Младинскиот Културен Центар во Скопје. Предавањата ќе завршат на 07-ми мај, по што ќе следи опционен тест, а потоа и доделување на дипломи за успешните слушатели.
11 пооделни теми се распоредени во 10 предавања од кои 2 ќе се оджат во ист ден во планетариумот при МКЦ :
Цената за целокупниот курс е 1500 денари. Во цената се вклучени:
- скрипта со материјали од курсот
- посета на Планетариумот
- теренско набљудување со телескопи
- завршен тест
- диплома
Сите што сакаат да се бидат дел од курсот доволно е да дојдете 15 мин. пред 20 часот на денот на првото предавање (02 април), каде ќе може да се пријавите. Не се потребни никакви дополнителни пријавувања на маил или по телефон. За студентите на ФЕИТ со приложен индекс или студентска легитимација, и членовите на Скопско астрономско друштво цената на курсот е 1000 ден.
За повеќе информации пишете нѝ на kontakt@astronomija.com.mk, или јавете се на 076/439027 (Радан) и 070/498345 (Мартин).
Благодарност до Факултетот за електротехника и информатички технологии за поддршката.