Сеопфатен водич за црните дупки (4 од 4)

0

Дали некогаш сте се запрашале што се случува во космосот? Што се крие во универзумот зад она што не можеме да го видиме? Постојат бројни чуда кои допрва ќе ги откриеме надвор од Земјата.

Нешто за што веќе знаеме се црните дупки. Се работи за еден фасцинантен астрономски феномен. Сакате да дознаете повеќе? Тогаш продолжете со читање.

Интересни факти за црните дупки

цд12

Црните дупки се навистина мистериозни. Сепак, ние знаеме неколку интересни работи за нив.

Црните дупки имаат незамисливо огромна моќ. Оваа моќ е толку голема што ги надминува границите на тоа што е возможно. Сингуларноста на црните дупки ги менува физичките закони. Дури и помислата дека црните дупки можат да создадат нов универзум може да биде логична.

Всушност, црните дупки не вовлекуваат ништо

Црните дупки се многу комплицирани. Со оглед на нашето разбирање, понекогаш мислиме дека црните дупки вовлекуваат објекти во орбита околу нив. Но, реалноста е дека црните дупки се како и другите објекти во вселената.

Главната разлика е тоа што тие имаат неверојатно силно гравитациско поле. Доколку Сонцето беше црна дупка, но со идентична маса, Земјата и другите планети повторно би орбитирале околу оваа црна дупка.

Во овој хипотетички случај, Земјата нема да биде проголтана од црната дупка. Ако некоја околна материја стигне до црната дупка, тогаш црната дупка ќе ја „изеде“ оваа материја, но нема да ги изеде и планетите.

Возможно е црните дупки да исфрлат материја која веќе ја земале. Оваа материја најчесто се состои од материјали кои излегуваат од акрецискиот диск.

Голем дел од оваа материја се исфрла од црната дупка назад во галаксијата. Исфрлената материја може да патува со брзини од 32 милиони километри на час. Дефинитивно не сакате Земјата да се најде на патот пред оваа материја.

Невозможно е да се избројат црните дупки кои постојат.

Претходно мислевме дека црните дупки се ретки. Сега сме сигурни дека тоа не е точно. Уште повеќе, само во нашата галаксија постојат милиони ѕвездени црни дупки.

Дури имаме и супермасивна црна дупка (Сагитариус A*) во средината на Млечниот Пат.

И секако, Млечниот Пат не е единствената галаксија. Сметаме дека постојат 2 илјади милијарди галаксии во видлива вселената. Секоја од нив може да има милиони црни дупки и една супермасивна црна дупка.

Па поради овие причини, практично е невозможно да се избројат сите црни дупки кои постојат во универзумот.

Сметаме дека супермасивните црни дупки можат да создадат нови ѕвезди

Често мислиме дека црните дупки се средство за масивно уништување. Но ова не е секогаш точно. Понекогаш црните дупки можат да создадат нови ѕвезди.

Супермасивните црни дупки понекогаш исфрлаат материја назад во вселената. Од оваа материја може да се создадат нови ѕвезди.

Но покрај тоа, располагаме и со информации дека преку супермасивните црни дупки може дури и да се одреди бројот на ѕвезди во соодветната галаксија. Таа влијае врз брзината на формирањето на ѕвездите.

Всушност, раѓањето на ѕвезди завршува побргу кај галаксии кои имаат супермасивна црна дупка во нивниот центар. Тоа е навистина зачудувачки.

Невозможно е директно да се набљудуваат црните дупки

Со оглед на тоа дека светлината не може да излезе од црна дупка, невозможно е да се види истата. Можеме да ја набљудуваме материјата околу црната дупка и да видиме што се случува околу неа, но не можеме да видиме црна дупка со голо око.

Честопати црните дупки ги идентификуваме преку набљудување на нивното влијание врз околината.

Подредување на црните дупки

Според некои неодамнешни истражувања, постојат повеќе црни дупки од различни галаксии кои можат да се подредат во една иста насока. Ова значи дека тие исфрлаат материја на ист начин.

Ова е многу невообичаено. Некои научници мислат дека ова се случило во периодот кога се формирале галаксиите на почетокот од универзумот.

Кога ќе се земе во предвид и дека црните дупки се над 300 милиони години оддалечени една од друга, овие истражувања стануваат сѐ почудни и почудни.

Шпагетификација

Сигурно се прашувате што ќе се случи со Вас доколку паднете во некоја црна дупка. Се јавува еден феномен наречен шпагетификација.

Кога некој објект ќе падне во црна дупка, таа го развлекува објектот како да е едно долго парче шпагети.

Кога се наоѓате на Земјата, центарот на планетата ги привлекува вашите нозе. Доколку се доближите до некое место со екстремно силна гравитација, тогаш привлекувањето ќе биде посилно и се јавува еден проблем.

Вашите нозе ќе почнат да се издолжуваат поради на привлечната сила на гравитацијата. Како што вашите нозе ќе се доближуваат до центарот на црната дупка, гравитацијата ќе ги привлекува сѐ повеќе и повеќе. Едноставно, со доближување кон центарот на црната дупка, Вие ќе се движите со поголема брзина.

Проблемот се јавува поради тоа што вашата глава е подалеку од центарот на црната дупка во споредба со вашите нозе. Тоа значи дека вашата глава нема да се движи исто толку бргу како и вашите нозе. Поради оваа разлика во брзините, вашето тело ќе се издолжи како парче шпагети.

А дали ова може да Ве убие?

Доколку успеете барем накратко да преживеете, ќе трпите огромна болка бидејќи гравитацијата ќе ви го развлекува телото. Шпагетификацијата претставува навистина ужасен начин за умирање.

Астрономите за прв пат го набљудуваа овој процес врз една ѕвезда во 2019 година.

Црните дупки и филмовите

Црните дупки се многу експлоатирана тема во популарната научна фантастика, без разлика дали се работи за книги или слики во движење. Еден ваков пример е филмот Интерстелар. Популарноста на црните дупки не е изненадување кога ќе се земе во предвид мистеријата во која се обвиткани.

Било што може да биде црна дупка

Теоретски гледано, возможно е било што во вселената да стане црна дупка. Основната одлика на црните дупки е да се има огромна и густа маса во средината која ќе предизвика силно гравитациско поле.

Доколку успеете да згуснете некое тело како Сонцето во големина од околу 6 километри, теоретски, тоа тело ќе биде доволно густо за да формира црна дупка. Со доволно големо згуснување, било што на Земјата може да биде црна дупка.

Но во реалноста, единствениот начин кој нам ни е познат за да се достигне ваква астрономска густина е кога некоја огромна ѕвезда ќе се сруши врз себе.

Црните дупки можеби можат да создадат нови универзуми

Црните дупки имаат незамисливо огромна моќ. Да мислиме дека црните дупки можат да создадат нови универзуми не е надвор од границите на возможното.

Сингуларноста на црните дупки ги менуваат законите на физиката, па не е бесмислено да истражуваме дали црните дупки можат да создадат нов универзум.

Заклучок

цд13

Црните дупки се мистериозен феномен. Постојат толку многу работи кои не ги знаеме за нив.

Секојдневно се спроведуваат истражувања за црните дупки и никој не може да предвиди што ќе откриеме во годините кои следуваат.

Превод: Теодор Ангеловски

Извор: wiredcosmos.com

Сподели.