Според една неодамнешна студија на двајца научници од Универзитетот во Тексас, постојат слоеви од мраз под северниот пол на Марс, што би можело да биде најголемиот резервоар на воден мраз во оваа планета.
Ова откритије доведе до истражување предводено од Стефано Нероци, дипломиран студент на Универзитетот во Тексас во Институтот на геофизика и помогната од Џек Холт од Универзитетот во Аризона. Тие за нивната цел користеа податоци собрани од Mars SHAllow RADar sounder (SHARAD)- радар кој се наоѓа на Mars Reconnaissance Orbiter и е способен да продира до 2,4 километри под површината на Марс користејќи радио бранови.
Она што го објавија од истражувањето беше откривањето на неколку слоеви песок и мраз на длабочина до приближно 1,6 километри под северниот пол на Марс. Утврдено е дека на неколку места процентот на вода во овие слоеви изнесува 90, и се верува дека се остатоци од антички поларни ледени плочи.
Ако се стопи, овој резервоар на воден мраз би создал глобален океан со длабочина од најмалку 1,5 метри. Како што вели и Нероци, ова откритије е сосема изненадувачко :
“Ние не очекувавме да пронајдеме волку многу вода. Ова го прави овој резервоар да биде трет по големина на Марс после поларните ледени капи.”
Што се однесува до тоа како целата таа вода стигнала таму, научниците претпоставуват дека резервоарот се формирал во минатите периоди на затоплување и ладење на планетата. Тие промени настанувале заради варијациите на орбитата на Марс и нејзината наклонетост. Во период од 50.000 години, Марс се навалува кон Сонцето пред да се врати во исправната положба. Така, кога Марс е исправен, регионот кај екваторот се загрева, додека регионот кај северниот пол се лади и ледените капи се зголемуваат. А пак, кога планетата е навалена кон Сонцето, поларниот регион се загрева и ледените капи се топат.
Ова откритије е од голема важност поради низа причини. Најпрво, овие слоеви претставуваат евиденција за претходните климатски промени и со нивна анализа може да се откријат многу нови работи за Марс. Може да се открие и дали климата на Марс некогаш била поволна за живот.
Исто така, сè до ова откритије се сметаше дека античките ледени капи повеќе не постојат, но сега се знае дека ледената плоча на северниот пол преживеала под површината на оваа планета.
Друга возбудлива можност доага од присуството на подземни глечери околу средните географски ширини на Марс, исто така откритие на ова истражување. Увидено е дека вкупниот волумен на вода во глечерите е приближно ист колку волуменот на вода во подземните поларни наслаги, и тие се со приближно иста возраст. Глечерите се важни за утвдување дали Марс е погоден за живот. Како што вели Нероци:
“ Разбирањето колку вода е достапно на глобално ниво наспроти на половите е битно доколку некогаш би имало течна вода на Марс. Може да ги имате сите потребни услови за живот, но ако поголемиот дел од водата е заробена на половите, тогаш станува тешко да се има доволно количество течна вода во близина на екваторот.”
Еден ден, можеби ќе бидеме способни да ги зголемиме нашите напори со испраќање астронаути таму, што би можело да го отвори патот за човечкото населување на Марс. И тогаш кога тие луѓе ќе пристигнат таму, присуството на подземни глечери ќе одигра голема улога во нивните напори.
Превод: Дефне Еминовска
Извор: www.sciencealert.com/