Во секој планетарен систем има планети слични на Земјата

0

Состојки за Земја: малку магнезиум, силициум, додадете јаглерод и, секако, кислород – и, ете го основниот рецепт за планета погодна за живот. Секако, ова не значи дека животот туку така ќе почне да се развива во било која средина со овој состав, туку дека овие се основните, најважни состојки кои знаеме дека му се неопходни на животот за да започне. Сепак, научниците сметаа дека шансите за наоѓање на овие неопхдни елементи во исти соодноси како на Земјата се многу мали.

Но, според новите истражувања се смета дека има барем три пати повеќе шанси од досегашните мислења, на карпестите планети ширум Универзумот да се наоѓаат истите елементи како и на Земјата. Ова истражување се базира на софистициран модел за хемиската еволуција на Млечниот Пат. Минералите создадени од јаглерод, кислород, магнезиум и силициум можат да ги претворат карпестите места на планетите од безживотни и сурови, во места поволни за развој на животот. Но, само мала измена во составот и соодносите може да предизвика драматични промени врз температурата, па и тектонските плочи на една планета, од што зависи дали ќе условите ќе бидат поволни или не. Досега се сметало дека само третина од карпестите планети го имаат потрбниот состав во соодветен сооднос.

Астрономите од Центарот за астрофизика Е. А. Милне (Е. А. Milne) пресметале дека шансите за овие минерали да се најдат во потребното количество кај една планета се многу поголеми, односно тоа е возможно да се случи во било кој планетарен систем, на секоја од карпестите планети.

Во секој планетарен систем има планети слични на Земјата

Минералните карпи на Земјата, како овие на Камчатка, обезбедиле дел од неопходните материи за развој на животот на нашата планета. Извор: Europlanet/A. Samper

Според моделот, секој систем, без разлика каде се наоѓа се состои од неопходните елементи, што е различно од досегашните гледишта. Секако, потребно е многу повеќе од ова за развој на животот на едно место. На пример, помеѓу факторите спаѓа поставеноста на орбитата на една планета надвор или во зоната погодна за живот, каде температурата овозможува постоење на вода во течна состојба.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: IFL Science

Сподели.