Двете најсветли планети на ноќното небо, Венера и Јупитер, ќе танцуваат заедно на 27-ми август, 2016 година, при нивната најблиска средба во 2065 година. Настанот ќе биде видлив од целата планета, но во најдобрите услови за набљудување ќе уживаат жителите на јужната хемисфера. Еве како да ги побарате двете планети.
Во сабота, 27-ми август, набљудувачите на небото ќе имаат шанса да ги видат Венера и Јупитер во пар, во екстремно блиска конфигурација. За набљудувачите од деловите на САД и Канада овие планети ќе изгледаат како скоро да се допираат, разминувајќи се една со друга како два брода на самрак.
Во поголемиот дел од 2016-та година, Јупитер беше доминантна планета на ноќното небо, сјаејќи како сребренеста ѕвезда во поголемиот дел од ноќта. Но, во последните неколку месеци таа забележително паѓаше ниско на западното небо и сега светнува кратко после сјајот од заоѓањето на Сонцето. Многу скоро Јупитер ќе исчезне во сјајот од Сонцето.
Спротивно од Јупитер, Венера беше тешка, ако не и невозможна за повеќето луѓе да ја видат во 2016та, бидејќи беше позиционирана многу блиску до Сонцето. Притаено почна да ползи надвор од светлиот блесок на Сонцето во средината на јули и продолжува, сосеба бавно, да се појавува во видикот во текот на август. Кога двете планети привидно ќе поминат една покрај друга на 27-ми август, тоа ќе биде, на некој начин размнеување на факел; Јупитер ќе се откаже од титулата „вечерна ѕвезда“ и ќе ја предаде на Венера. Додека Јупитер се спушта долу, Венера постепено се искачува. Подоцна оваа година Венера ќе биде заслепувачки објект на западно-југозападното небо кога истото ќе постане целосно темно.
Каде и кога да ги набљудувате
Пред 27-ми, побарајте локација која ќе ви обезбеди чист и непречен поглед на западното небо. Двете планети ќе бидат поставени само 5 степени над западниот хоризонт околу 30 минути по залезот на Сонцето; посветлата Венера ќе светне точно над Јупитер. За да одредите колку се 5 степени над хоризонтот, држете ја шаката во должина на раката. Поставете го дното од шаката на хоризонтот и горниот дел ќе ви обележи 10 степени. Значи двете планети ќе бидат на половина од ширината над западниот хоризонт и половина час после заоѓањето. Ако небото е магловито можеби ќе сакате да го гледате небото преку двоглед кој ќе ви помогне да ги лоцирате планетите. Погледнете ги сега – дури до 2065 година нема да се случи поблиска средба од оваа!
Врзување или апулс?
Повеќето астрономски календари и алманаси би го посочиле спарувањето на двете најсветли планети како врзување. Строго кажано, врзување е кога два астрономски објекти се или во иста десна асцензија (часовен агол како што е прикажано на ѕвездениот атлас) или на иста еклиптична лонгитуда, гледано од Земјата.
Врзувањето меѓу Венера и Јупитер не е ретка појава; во просек се појавува 8 до 12 пати во деценија. Обично, во такви случаи, најмалата аглова оддалеченост помеѓу овие две планети е околу степен или два, со еден степен еднаков на две широчини од две полни месечини.
Но случувањето на 27-ми август уште повеќе ќе биде посебен случај и подобро се вклопува во дефиницијата на апулс (appulse, астрономски термин кој се однесува на најблиското доближување на еден небесен објект кон друг, набљудувано од трета страна). Поврзано е со врзувањето, но дефиницијата се разликува во деталите. Додека врзувањето се јавува во моментот кога двата објекти имаат иста десна асцензија или иста еклиптична лонгитуда, апулсот се јавува кога одвоеноста помеѓу двата објекти е во апсолутен минимум. Генерално, точното време на апулсот ќе се разликува од тоа на врзувањето.
Прирачникот за набљудувачи 2016 на Royal Astronomical Society од Канада има забележано дека на 27-ми август, Венера и Јупитер ќе бидат врзани во десна асцензија на 2200 GMT (6pm EDT) со премин на Венера од 0.1 степен северно од Јупитер. Но тоа не е моментот кога двете планети ќе бидат најблиску една до друга. Според белгискиот астрономски калкулатор Jean Meeus, тој момент ќе настапи 31 минута подоцна, на 2231 GMT (6:31pm EDT). Одвојувањето нема да биде мерено во аглови степени, туку во арк минути (единица за аглово мерење еднаква на 1/60 од еден степен). Шеесет арк минути се еднакви на 1 степен. Од североисточна Америка двете планети ќе се појават најблиску една до друга, одвоени за само 4 арк минути, или 0.067 степени (само 1/8 од видливата ширина на Месечината).
Колку блиску?
За да добиете подобра претстава колку блиску е ова, проверете го северозападното небо веднаш штом се стемни и пронајдете ги седумте ѕвезди на Големата Мечка. Погледнете во средната ѕвезда во дршката од Мечката; тоа е Мизар. Би требало да можете да ја видите бледата ѕвезда точно над Мизар. Тоа е Алкор. Античките Арапи погледот кон оваа ѕвезда го сметале за тест на добар вид. Мизар и Алкор се оддалечени 12 арк минути. Запомнете го ова кога ќе ги гледате на небото. Исто така, запомнете дека во моментот на нивниот апулс на 27-ми август, оддалеченоста помеѓу Венера и Јупитер ќе биде само 1/3 од онаа меѓу Мизар и Алкор. По должината на морскиот брег на Атлантикот, најблиската средба ќе се појави за помалку од два часа пред заоѓањето. Четирите арк минути незначително ќе се зголемат на 5 арк минути до локалното заоѓање. Додека Сонцето зајде во зеверозападна Америка, сепарацијата ќе се прошири до 11 арк минути или 0.183 степени. Тоа сè уште е поблиску отколку што се Мизар и Алкор, за 1 арк минута или 0.017 степени.
Ако небото е чисто, се очекуваат многу телефонски барања од медиумите и полициските станици во врска со „пар чудни неидентификувани летечки објекти кои лебдат многу ниско на западното небо“. Обидете се да ја видите оваа појава, бидејќи не е многу често овие две планети да се доближат една до друга. Всушност следната прилика ќе дојде на 22-ри ноември 2065 година кога овие две планети ќе се спојат во една, зачудувачка точка од светлина.
Забелешка: Ако успеете да ги фотографирате Венера и Јупитер во нивнате блиска средба и сакате да споделите со Space.com и нашите партнери контактирајте го уредникот Tariq Malik на spacephotos@space.com.
Превод: Александра Бошкова
Извор: Space