Што се случило во Тунгуска во 1908? Нова студија можеби го има одговорот

0

Настанот во Тунгуска се случил во 1908 година, но научниците и до ден денес немаат јасно објаснување за него иако и по 100 години се уште јасно се гледа дека нешто големо се случило во таа област. Мистеријата околу овој настан е тоа што иако се смета за удар од метеор, на местото не се пронајдени никакви екстратеристријални остатоци од метеоритот. Единствените индикации за експлозивниот настан е големата чистина на средината како и големиот број на срушени дрва подалеку  централниот дел, во подрачје со дијаметар од 50км. Нешто големо требало да се случи за да дојде до овој степен на уништување.

Научниците за прв пат го истражиле овој настан 18-19 години по неговото случување и дури и тогаш местото не било истражено во детал освен неколку фотографии.  Единствениот начин да се анализира овој настан е преку анализа на материјалот од местото и компјутерски модели и симулации. Предложени се голем  број на теории, од кои некои се многу екстремни. Една група научници предложила дека ова е резултат на  антиматерија која експлодирала во атмосферата, а друга пак како можна причина посочила црна дупка (статија објавена во Nature во 1970тите).

Но анализите од последните 10-20 години укажуваат на тоа дека ништо особено чудно не се случило тука. Анализите го даваат следното објаснување.

Едно рано јунско утро во 1908 година, голема експлозија се случила во централна  Русија. Експлозијата била толку моќна, од 3 до 30 мегатони моќ, што нејзините ефекти се почуствувале дури до  Западна Европа, а била детектирана и од сеизмички дететектори во САД. Луѓето пријавиле скршени стакла дури и на стотици километри оддалеченост, а има и известување од локалното население кое известило дека 3 ловци загинале кога биле исфрлени од експлозијата. Регионот е претежно ненаселен,  и единствените луѓе што живеат таму се племето Шанјагир, што е добро, затоа што ако овој настан се случил во близина на метрополитен град се би било уништено и би имало многу жртви. Неколкуте ноќи по експлозијата биле невобичаено светли поради аеросолите и ледени честички кои биле испуштени за време на експлозијата кои ја смениле бојата на небата.

Настанот бил предизвикан од таканаречените “earth-grazing” астероиди кои поминуваат доволно  блиску до Земјата за да влезат во атмосферата. Поради триењето со честичките доаѓа до експлозија, но астероидот има доволно голема брзина за да излезе од земјината атмосфера и да се врати во орбита.  Оваа теорија е најприфатена затоа што не се пронајени остатоци од метеоритот или кратер што укажува на тоа дека станува збор за воздушна експлозија. Последните истражувања, од пред неколку месеци, велат дека станува збор за прилично голем металоиден астероид, со дијаметар од 200 м. Не би можело да биде леден објект, како комета, или пак карпест астероид затоа што овие два објекта би креирале поголема експлозија и не би го преживеале летот низ атмосферата. Ова објаснување како и фактот дека се пронајдени мали остатоци на никел околу местото укажуваат на метален астероид. Астероидот најверојатно се вжештил до околу 10000 степени и кога поминал најблиску да Земјата ја запалил околината.

Превод: Бојана Стефаноска

Сподели.