Центарот на нашата галаксија мириса на малини и има вкус на рум

0

Хемикалијата која дава вкус на малини и рум е идентификувана во прашливиот облак Стрелец Б. Заслуги: НАСА/ Калтек/ Универзитетот од Висконсин.

Сте се запрашале некогаш каков мирис има центарот на галаксијата? Зависно од тоа што претпочитате, одговорот може да биде малини или рум.

Колку и да звучи неверојатно, ова откритие беше направено кога астрономи од Институтот Макс Планк го употребија радио-телескопот IRAM во Шпанија за проучување на Стрелец Б, облак од прав близу центарот на галаксијата. Во тоа време ова беше објавено во Астрофизика и од тогаш е потврдено со истражувања од слични прашински облаци.

Меѓу хемикалиите за кои беа пронајдени сигнали беше детектиран и етил формат (С3Н6О2), доминантната арома во малините, а доста важна и за румот.

Пред ентузијастите премногу да одлетаат со плановите за вселенски патувања собирајќи џиновски пијани малини, има неколку работи кои треба да бидат потенцирани. „Етил форматот им ја дава на малините нивната арома, но има многу други молекули кои се потребни за да се направат вселенски малини,“ кажува Арнод Белош за Гардијан. Густината е претенка за да биде корисна, а тука е и тој досаден факт што нема доволно кислород за дишење.

Освен тоа, мирисот не е чист. Белош пронајде приближно 4000 посебни сигнали во Стрелец Б. “До сега индетификувавме околу 50 молекули во нашето истражување, а две од нив не се видени претходно,” изјави во тоа време Белош, но од тогаш има значителен прогрес во воспоставувањето на изворот за некои од овие молекули.

Пронаоѓањата служат како потсетник дека многу од хемикалиите кои ги знаеме како продукт на живи нешта можат да бидат произведени и на други начини, вклучително и преку влијанието на ултравиолетовата светлина врз други молекули, како во случајов. Алкохолите, вклучително и етанолот, често се појавуваат во Вселената.

На Земјата, етил формат вообичаено настанува кога етанолот реагира со мравјата киселина (примарниот конституент на мравјиот отров).

Амбицијата за астрономи како Белош е да најдат аминокиселини, градбените блокови на животот. Бидејќи глицинот, наједноставната аминокиселина, не е ништо поголема од етил форматот, откритието ја зголеми нивната самодоверба. Барања за пронаоѓање на глицин биле правени и порано, но не привлекле доволно поддршка.

“Тешкотијата во барањето на комплексни молекули е во тоа што најдобрите астрономски извори содржат толку многу различни молекули, што нивните отпечатоци се преклопуваат и тешко е да се отплеткаат,” вели Белош.

Превод: Лина Конеска

Извор: IFLS

Сподели.