Транзитот на Меѓународната вселенска станица (МВС) преку дискот на Сонцето се случи во средата на 22.05.2014 г. Нашиот член Мартин Стојановски, којшто ги прати овие транзити, го најави овој настан неколку дена порано и полека започнавме со подготовките.
На самиот настан бевме присутни само тројца членови. Александар Алексов, Мартин Стојановски и јас. Носевме три телескопа: Celestron Edge 8 HD, Scopos 80mm ED и Coronado PST. На првите два беше поставена Бадер филтер фолија за снимање на Сонцето, додека третиот има сопствени филтри кои снимат во друг дел од спектарот.
Александар сними видео на својот Nikon поставен на Celestron Edge 8 HD, Мартин сними исто така видео на астрономската камера ДФК, а јас сликав со Canon на Scopos 80mm ED.
Друг член на САД, Мартин Димитриевски кој остана дома, сликаше од својата тераса и направи една успешна снимка со свој Canon фотоапарат и 800мм телеобјектив.
Сите овие фотографии и видеа можете да видите во овој извештај. Обработките се направени од сите горе споменатите и од Станко Неделковски.
Видео од транзитот снимено од Алексанедар Алексов:
Истото, но успорено видео, кое е обработено од Станко Неделковски:
Sorry, nothing found.
Текст: Радан Митровиќ