Транзит на Меркур пред Сонцето

0

Транзит на Меркур пред Сонцето се случува кога планетата Меркур доаѓа помеѓу Сонцето и Земјата, и Меркур се гледа како мала црна точка што се движи низ Сонцето.

Меркур – најблиската планета до Сонцето и најмала во Сончевиот Систем штотуку имаше транзит пред Сонцето на 9 мај 2016 година, помеѓу 16:40 и 19:20 (IST) во Џамнагар, Гуџарат (Индија). Ова е добро планирана слика направена од 400 метри оддалеченост со користење на ултра-телефото леќа за зумирање. Луѓе уживаат гледајќи го транзитот во придружба на музика. Сончевата дамка AR2542 се гледа во централно десниот регион на дискот на Сонцето.

Секои 7 години или слично, Меркур може да биде виден од Земјата како поминува пред Сонцето. Ова се случува бидејќи орбитата на Меркур е наклонета 7 степени во однос на рамнината на Земјината орбита.

Меркур е со многу мала големина споредено со Сонцето, и на оваа слика изгледа како мала точка.

Следниот транзит ќе се случи на 11 ноември 2019 година и ќе биде видлив од Америка, Европа и Африка.

Транзит на Меркур преку сончевиот диск, 9 мај 2016. Фото: Мартин Стојановски, Филип Парталовски, Горан Петров, САД

Транзит на Меркур преку сончевиот диск, 9 мај 2016. Фото: Мартин Стојановски, Филип Парталовски, Горан Петров, САД

Tранзитот на Меркур преку Сонцето, сликано во потесно видно поле со 11-инчен телескоp. Од лево е Меркур, а од десно се гледаат сончеви пеги. Фотографија: Мартин Стојановски со помош на Филип Парталовски и Горан Петров, САД

Превод: Биљана Велинова

Извор: Spaceweather

Сподели.